Електроника

Доколку се соочиме со реалноста дека во практиката рекламното пано е всушност името на фирмата или нејзино "лого", како неизбежен се наметнува фактот дека многу ретко или воопшто не се јавува потребата од повеќе од 8 сегменти.
Гледано од аспект на изработката, се работи за кратки написи кои својата функција треба да ја исполнат со својот изглед.


Електроника

Многу млади гитаристи немаат финансиски можности да купат поквалитетен гитарски засилувач. Ако и вие го имате овој проблем, а имате барем основни познавања од електрониката, решението побарајте го во текстот што следи.


Електроника

Гитарата е еден од оние инструменти што мораат секојденевно да се штимаат. На пазарот постојат многу различни помагала за штимање, што покажува дека тоа не е лесна работа. Електронскиот штимер прикажан овде ќе им го олесни штимањето како на почетниците, така и на напредните гитаристи.


Аудио и видеотехника
Тронасочна пасивна свртница

Во квалитетните звучни кутии (а и во помалку квалитетните) вградени се најмалку по два звучника – едниот (бас, woofer) ги репродуцира ниските и средните фреквенции, а другиот (високотонецот, tweeter) ги репродуцира високите. Заради постигнување на подобра репродукција на звукот понекогаш се користи и трет звучник (среднотонец, midrange) кој ги покрива само средните фреквенции.


Телекомуникации

Приемните телевизиски и УКБ антени претставуваат важна компонента за квалитетен прием на телевизиските и радиопрограми. Во некои случаи и на места кои се многу блиску до предавателот, може да се укаже потреба од користење на антена со цел да се избегнат пречките, или пак да се постигне добар прием во пределите кои се во сенка на предавателот. За телевизиското и УКБ подрачје постојат голем број антени, од кои секоја има свои специфични карактеристики.


Електроника

Скалата на термометрите кои најчесто се употребуваат за мерење на температурата на течностите е градуирана во подрачје од околу 40°C до 100°C.


Телекомуникации

Во последните неколку години со подемот на компјутерската техника и телекомуникациите се јавила потреба за брз пренос на информациите. Конвенционалните системи за пренос на информации како телефонијата овозможуваат мала брзина на преносот. Корисниците на овие простори би требало да се задоволат со некои 14.4 Kbps (Kilo-bits per second).


Еурека

Во овој напис ќе ви ги претставам двата нови типови на електромагнети што ги пријавив во Југословенскиот сојузен завод за патенти, во 1989 година. Станува збор за "Електромагнет со перманентни магнети", и "Електромагнет со супрапроводна намотка".


Телекомуникации

Развојот на мобилната телефонија во светот трае повеќе од десет години, при што се сменија повеќе генерации мобилни системи. Почетоците датираат уште од раните 80-ти години кога системите беа претежно приватни од (такси тип), т.е. имаа можност да комуницираат само со својата базна станица на релативно кратки растојанија. Комуникацијата со јавната мрежа се остварувала преку посебни команди, најчесто еднонасочно, во насока од мобилната кон базната станица.


Електроника

Развојот на технологијата и потребите на пазарот за стабилизатори со мали форми, прецизни карактеристики и ниски цени ја условија појавата на монолитните стабилизатори на напон. Денес овој вид на стабизатори наоѓа широка примена како во лабораториските уреди за напојување така и во секој апарат каде е потребен стабилен напон независно од промените на влезниот напон, од промените на излезната струја и од промените на работната температура.


Уводник

Како што забележавте, драги читатели, од овој број ЕМИТЕР понатаму ќе излегува двомесечно. На овој чекор се одлучивме пред се поради финансиски потешкотии, но и поради тешкотиите во организацијата и подготовката на списанието.


Омнибус

Потрошувачки трендови во електрониката во средината на 90-тите во САД