Рубрика: Електроника
Штимер за гитара
Автор: Слаѓан Митиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3-4/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Гитарата е еден од оние инструменти што мораат секојденевно да се штимаат. На пазарот постојат многу различни помагала за штимање, што покажува дека тоа не е лесна работа. Електронскиот штимер прикажан овде ќе им го олесни штимањето како на почетниците, така и на напредните гитаристи.

Откако пред речиси три века беше конструирана звучната вилушка, се појавија и уште многу други помагала за штимање (разни врсти на пишталки кои со дување ги произведуваат потребните тонови). Покрај ваквите механички направи во 1936 година се појавил и "резоноскопот" вистинска електронска направа за таа намена. Општ заклучок е дека направите од тоа време биле комплицирани за употерба, па многу почетници од тоа време не научиле да ги употребуваат. Покрај тоа дискутабилна е и стабилноста на фреквенцијата кај овие направи.
Уредот покажан овде дава тест ноти кои се потребни за штимање со голема прецизност, што е осигурана со употреба на кварцниот осцилатор. Дури и просечен кварцен осцилатор има стабилност подобра од 100ppm (0,01%). Шестте потребни ноти се добиваат со делење на фреквенцијата на кварцниот осцилатор со помош на програмабилниот делител на фреквенции. Кога делителите еднаш ќе се наместат, шесте ноти секогаш ќе бидат коректни, без меѓусебно влијание. Штимањето е уште повеќе олеснето со тоа што се добиваат чисто синусоидни тонови со константна јачина. Со малку пракса може да се постигне многу прецизно штимање.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3-4/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина