Рубрика: Телекомуникации
Целуларна телефонија
Автор: Дејан Рајчановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3-4/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Развојот на мобилната телефонија во светот трае повеќе од десет години, при што се сменија повеќе генерации мобилни системи. Почетоците датираат уште од раните 80-ти години кога системите беа претежно приватни од (такси тип), т.е. имаа можност да комуницираат само со својата базна станица на релативно кратки растојанија. Комуникацијата со јавната мрежа се остварувала преку посебни команди, најчесто еднонасочно, во насока од мобилната кон базната станица. Покрај практичните проблеми во користењето на радио фреквенциите, во многу земји постоеја и формални проблеми со поседувањето на радио предаватели за различни фреквенции.

Како решение на овие проблеми е предложена целуларната телефонија, која нуди можност за користење на минијатурни, малку моќни примопредаватели со можност за комуникација од големи пространства покриени со јавни базни станици. Развојот на целуларната телефонија во Европа може да се подели во две фази: развој на национални мрежи во повеќе земји, главно во аналогна технологија со мали можности, се до развојот на пан-европскиот GSM (Group System for Mobile Communications) систем на мобилна мрежа која овозможува користење на истите мобилни апарати во сите земји кои го користат овој систем.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3-4/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.