Рубрика: Телекомуникации
Увод во фибер – оптиката
Автор: Никола Левандис
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3-4/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последните неколку години со подемот на компјутерската техника и телекомуникациите се јавила потреба за брз пренос на информациите. Конвенционалните системи за пренос на информации како телефонијата овозможуваат мала брзина на преносот. Корисниците на овие простори би требало да се задоволат со некои 14.4 Kbps (Kilo-bits per second). Така системот за пренос е тесно грло во размената на информациите особено кога се работи за големи бази на податоци, мултимедиа пакети и за видеоконференциите.

Во поранешно време не била изразена оваа потреба за брз пренос на нештата наречени информации, бидејќи модемите работеле со брзина на модулација од 300 бауда (бауд=бит во секунда-единица мерка за брзина на модулацијата). Тие модеми биле применувани во научните и воените институции. Сега ситуацијата е поинаква и се бара решение на овој проблем. Можен победник на ова е поле е фибер оптиката. Затоа би посочил некои од предностите и недостатоците на овие системи.

Оптичките и електронските вкрстено поврзани мрежи работат со фибер-оптилки системи овозможувајќи безбедна врска со пренос на сигналите со различни влакна (фото: AT&T Bell Laboratories, Photonics Spectra, 1993).

Најголема предност на фибер оптиката е можноста за постигнување на големи брзини во практика од редот 1Gbps (Giga bits per second) како и непостоењето на влијанијата на електромагнетните бранови врз водот. Еден од недостатоците е релативно високата цена на оптичките кабли и другите компоненти кои го овозможуваат преносот на информациите по оптичкиот медиум, како и "нееластичноста" на влакната (нивната деформација би предизвикала загуби и изобличувања).

Клучни зборови:
Оптичките и електронските вкрстено поврзани мрежи работат со фибер-оптилки системи овозможувајќи безбедна врска со пренос на сигналите со различни влакна

Оптичките и електронските вкрстено поврзани мрежи работат со фибер-оптилки системи овозможувајќи безбедна врска со пренос на сигналите со различни влакна (фото: AT&T Bell Laboratories, Photonics Spectra, 1993).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3-4/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.