На седницата на Владата на Република Хрватска, одржана последниот ден од јануари, донесен е заклучок со кој Град Осиек е одреден за прв голем град во Република Хрватска во кој до 31. декември 2020 година ќе се изгради 5G мрежа и ќе се пуштат во употреба комерцијални 5G услуги. Вака објави хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура.
Овој заклучок се темели на комуникацијата меѓу Комисијата за Европски парламент, Собранието, Европското претседателство и социјалниот одбор и Одборот “5G за Европа – Акциски план“, која содржi јасни патокази за потикнување на развој на инфраструктурата и услуги на комуникација од петтата генерација до 2020 година.
Со одредувањето на градот Осиек како прв хрватски град со 5G мрежа во синергија, во проектот Славонија, Барања и Срем, значајно ќе придонесе за развој на источниот дел на Република Хрватска. Исто така, досегашниот оператор за комуникации искажал подготвеност на заедничка изградба и воведување на 5G инфраструктура и услуги во овој град – сметаат од Владата на Република Хрватска.