FTTH Council Europe ја носи својата експертиза и искуство како организатор на настани за да ја поддржи FTTH индустријата во европските региони кои заслужуваат поголемо внимание. Овој нов настан ја надополнува годишната FTTH конференција на оваа организација и се фокусира на двигателите на распоредувањето на FTTH во Југоисточна Европа. Во таа насока конференцијата што овие два дена се одржува во хотелот Шератон Дубровник Ривиера, нуди висококвалитетни говорници, содржина, вмрежување и мала изложба на FTTH производи и услуги.
Настанот ги собра на едно место најголемите регионални играчи – околу 400 клучни чинители од пазарите во Југоисточна Европа и пошироко: директори од телекомуникациски оператори, инвеститори, креатори на политики и продавачи, на кои им се придружија европските носители на одлуки заинтересирани за регионот. Меѓу учесниците на конференцијата се и нашите пријатели од македонската компанија Овернет – Марјан Давчевски, Сашко Таневски, Дејан Кастратовиќ и Момир Спасовски кои со задоволстово ги споделуваат највпечатливите моменти од настанот со нашите читатели.
FTTH Congress Balkans започна со серија клучни обраќања во кои стана збор за главните предизвици и можности за воведување и усвојување на FTTH во регионот, во кои говорниците ја истакнаа важноста од унапредување на оптичката поврзаност ширум Балканот. По ова денот беше исполнет со деловни дискусии, вмрежување и оперативна извонредност, овозможувајќи им на спонзорите на настанот да ги претстават најновите решенија во FTTH технологијата.
Рошен МекКул (Roshene McCool), претседател на FTTH Council Europe, ја истакна улогата на мрежите со оптички влакна во поттикнувањето на економскиот раст и иновациите. Генералниот директор Винсент Гарние (Vincent Garnier) сподели сознанија за различниот напредок на балканските земји во поглед на FTTH распоредувањето, нагласувајќи ја потребата од целосна регионална покриеност. Франко Акордино (Franco Accordino) од Европската комисија ја истакна улогата на ЕУ во поддршката на мрежите со висок капацитет преку усвојување на соодветни правилници и инвестиции, повикувајќи на координирани напори меѓу засегнатите страни. Претседавачот на BEREC, Тонко Обуљен, ја истакна потребата за прогресивна регулатива, со иновации поттикнати од конкуренцијата и подобрени кориснички искуства.
Денешните панел сесии понудија витален увид во регионалната оптичка покриеност и пазар. Панелот на балкански оператори ја истражуваше динамиката на пазарот, јавните политики и инвестициските стратегии за да се унапреди воведувањето и усвојувањето на FTTH. Панелот Јавни политики за FTTH на Балканот ги собра креаторите на политики и операторите за да разговараат за регулаторните влијанија врз плановите за распоредување и регионалните предизвици. Конечно, на сесијата FTTH технологии за Балканот свое место за претставуавање добија технолошките провајдери и техничките директори на регионалните играчи кои проговорија за техничките предизвици и иновации, истакнувајќи ја потребата за соработка со цел да се поттикне напредокот во оптичката поврзанот во Југоисточна Европа.
Три технолошки работилници од изложувачите спонзори на настанот ги донесоа на сцена најновите производни решенија и услуги достапни за операторите за унапредување на поврзувањето во регионот и пошироко. Присутните можеа да научат и да споделат успешни случаи на употреба за подобрување на продуктивноста, намалување на трошоците и, конечно, постигнување на оперативна извонредност.
По набиената агенда за учесниците преку неформална дружба на организираната вечера ќе добијат можност за вмрежување и остварување на нови деловни пријателства и соработки.