Емитер 9/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Набљудувањето на планети надвор од Сончевиот систем астрономите до сега го сметале за неможно поради доминантниот сјај на матичната ѕвезда. Но, прогресот на оптичките методи во последно време, овозможи и тие да може да бидат директно набљудувани и фотографирани. Досега астрономите набљудувале и фотографирале вкупно 6 екстрасоларни планети.
Откако во 1995 год. астрономите ја детектирале првата планета надвор од нашиот Сончев систем, досега тие детектирале близу 350 други екстрасоларни планети, меѓутоа немале можност директно да набљудуваат ниту една од нив поради доминантниот сјај на ѕвездата околу која тие орбитираат. Но, и покрај невидливоста на екстрасоларните планети, видливи се пертурбациите, кои тие ги предизвикуваат на матичната ѕвезда, па тоа овозможи тие да бидат индиректно детектирани (ЕМИТЕР бр. 5/02: "Планети надвор од Сончевиот систем"). Но, прогресот на оптичките методи во последно време овозможи конечно и тие да бидат видливи. Принципот е наречен "коронографија", а се состои во блокирање на сјајот на матичната ѕвезда преку физичко додавање соодветна маска во телескопот, или по електронски пат. На тој начин околината на ѕвездата станува видлива и може оптички да се истражува. На овој принцип астрономите досега директно набљудувале и фотографирале вкупно 6 екстрасоларни планети, па да започнеме по ред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.