Емитер 5/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во најново време американското научно списание Дисковер (Discover) излезе со напис на 25 страници со наслов Frontiers of Science (Граници на знаењето), каде што во низа научни области е изнесен денешниот досег на знаењето и идните чекори на науката за премин преку тие граници. Во серија од неколку написи ќе ги проследиме најинтересните теми. Започнуваме од астрономијата, со тема: "До каде стасала науката во трагањето по екстрасоларна планета - 'копија' на нашата Земја".
Во изминатата декада од трагање по планети надвор од нашиот Сончев систем, астрономите досега откриле 161 планета кои орбитираат околу други ѕвезди. Повеќето од тие планети кружат околу ѕвезди од "средна" категорија, слични на нашето Сонце, но во некои случаи "повцрвенети" или поладни. Иако во поглед на нивниот состав, маса и орбита, планетите се збунувачки различни, сепак, според општите правила во физиката и хемијата тие може да се класифицираат во вкупно 4 категории:
1. гасовити гиганти;
2. "јагленови" небесни тела;
3. "водени" планети; и
4. "каменити" мали планети.
За откривање на екстрасоларните планети научниците од универзитетот Санта Круз во Калифорнија, разработиле роботизиран телескоп наречен "Автоматизиран пронаоѓач на планети", кој работи на принципот на откривање пертурбации во патеката на некоја ѕвезда. Астрономите сметаат дека екстрасоларните "животни" планети треба да се бараат во планетски системи, кои содржат и некоја масивна планета на подалечна орбита. Предвидувањата се дека во следните 5 години тие ќе објават дека откриле таков екстрасоларен систем.
Околу 2014 година планирана е и мисирата Дарвин, во која астрономите ќе се обидат да направат директни фотографии на "каменити" планети надвор од нашиот Сончев систем. Очигледно ни претстои возбудлива декада.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.