Омнибус

Оживува ли приказната за "1984";
Орбитерот МРО пристигна на Марс;
Samsung SSD;
Мајкрософт откри детали за новиот Ultra-mobile Personal Computers;
Fluke семинар: Предиктивно одржување;
Леталото Венера експрес стигна на својата цел;
Интралогин 2006 - ден на I-Mate;
Microsost Tech Update 2006;
Галаксијата Сомбреро во инфрацрвеното подрачје;
Одлична фотографија на јужниот пол на Јупитер;
Самореплицирачки робот;


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на кометата 73P.


Астрономија и астронаутика

Оваа година имавме една несекојдневна прилика: линијата на едно тотално сончево затемнување минуваше премногу близу до нас за да не се искористи. Откако во Бугарија во 1999 година имав можност да бидам воодушевен од тогашното затемнување, Турција воопшто не изгледаше далеку за уште еден ваков потфат. Во овој текст ќе се обидам да ги пренесам импресиите од тоталното затемнување, но исто така и од делумното затемнување кое можеше да се набљудува од нашата земја.


Аудио и видеотехника

Нашите читатели најмногу ги интересира темата звучници - тоа е резултатот од последната анкета. За да им излеземе во пресрет, направивме еден комплетен тест на звучникот Wharfedale Crystal 30. Комплетен тест - тоа значи тест со сите нишани: непристрасен слушен тест, мерен тест со професионален уред за аудио/акустички мерења (единствен активен во Македонија!), детална и стручна анализа и експертско мислење. Ваков комплетен тест не можете да најдете на друго место на Балканот!


Аудио и видеотехника

Со prima~DIVA се ослободувате од збрката од кабли на која веќе не мора да мислите. Перформансите на prima~DIVA ги одредиле монтажери според своите потреби, но ги задоволуваат и барањата на нарачателот на продуктот. Prima~DIVA е лесен и елегантен начин да го поврзете вашиот NLE компјутер со потребна екстерна опрема.


Аудио и видеотехника

Копнеењето по слобода во својот творечки порив е карактеристика на стамени и доблесни луѓе. За да стигнат до неа понекогаш се решаваат да ја напуштат родната грутка и да останат да копнеат по неа и да ги одржуваат врските, но претежно само во таа, прва, ударна генерација. Натамошните поколенија ја прифаќаат новата "родна грутка" како своја и наскоро, веќе во следните генерации, останува само споменот за потеклото на предците.


Електроника

Досега во ЕМИТЕР имаме претставено неколку термометри/термостати, но сепак има простор да објавиме уште еден модел. Потребата од претставување на разновидни термометри е затоа што е тешко да се изработи еден уред кој ќе ги задоволи сите потреби, а притоа да биде евтин и едноставен за изработка. Затоа, претставувајќи различни модели секој кој има потреба од ваков уред ќе го одбере моделот кој најмногу му одговара.


Електроника

По предлог на нашиот читател Александар Илиоски, во текстот што следи, на едноставен и разбирлив начин во неколку чекори ќе ја објасниме постапката за пресметување на повеќеслојни воздушни калеми. Освен тоа, на крајот, ќе бидат дадени и неколку корисни совети за нивна практична изработка.


Електроника

Во овој текст накратко ќе биде објаснета постапката за креирање на сопствена библиотека со компоненти или додавање на нови компоненти во постоечките библиотеки. Покрај тоа, ќе биде објаснета и постапката за автоматско изведување на водовите на ППК со помош на алатката"AutoRouter".


Електроника

Внатрешното светло во автомобил се вклучува и се исклучува со прекинувач, вграден во вратата. Пожелно е, по влегувањето во автомобилот внатрешното светло да не се исклучува веднаш по затворањето на вратата, за да може полесно да се види местото каде што треба да се стави клучот за контакт во бравата. Овде ви предлагаме едноставни шеми со која ќе направите внатрешното светло да не се гаси веднаш по влегувањето и затворање на вратата на автомобилот.


Електроника

Иако досега на страниците на ЕМИТЕР имало опишано повеќе заштитни кола за вградување во засилувачите или во самите звучни кутии, секоја нова идеја може да биде само од корист за читателите кои ќе имаат повеќе избор во одлуката што најмногу им одговара. Ова заштитно коло е наменето, пред сé, за заштита на помалку моќните звучници – среднотонци, високотонци или малите сателитски звучници од сараунд системот.


Електротехника

Продуктивноста е клуч за опстанок во денешната секојдневна битка со конкуренцијата. Кога се мисли на вложените средства за производство и време, работна сила и материјали, може да се смета дека тука нема многу простор за оптимизација. На располагање се "само" 24 часа на ден, скапа работна рака и ретка заштеда при изборот на материјалите за производство.


Електротехника

Ако се одлучите сами да изработите некое парче мебел, сигурно е дека освен дупчалка ќе ви биде потребен и друг алат. Еден од нив е убодната пила. Основната намена на овој алат е сечење на дрвени парчиња како разни летви, даски, иверица, но може да се користи и за сечење на други материјали. На пазарот се нудат разни видови убодни пили, од разни произ¬водители, па веројатно ќе треба добро да размислите каква убодна пила да набавите.


Информатика

Алатка која веќе 10-тина години наназад ги освојува симпатиите на своите приврзаници, конечно си го најде своето место и на страниците на списанието ЕМИТЕР. Сметајќи се себеси како еден од задоволните приврзаници се одлучив да ви го претставам Sambar Server во верзија 6.3. Немам некоја особена причина што се решив да ви ја претставам токму оваа верзија од серверот, едноставно дојде времето за тоа.


Информатика

Потребата од испраќање на писма персонализирани до поголема група на фирми, лица и слично сте ја сретнале барем еднаш во пракса. Можеби сте запрашале како да искористите некој веќе постоечки список, а да не ги пишувате поединечно податоците од листата.


Информатика

Денешните компјутерски вируси се пософистицирани и поагресивни од кога и да било досега. Благодарејќи на антивирусните програми сé уште можеме да ги чуваме своите податоци на компјутерот сигурни и без "инфекции". Но, секој ден станува сé потешко и потешко да се обезбеди таа сигурност и заштита на податоците. Во текстот што следи ќе бидат претставени десетте најдобри антивирусни програми за оваа година.


Телекомуникации

Што мислите? Дали кога испраќате/примате СМС-порака до некој пријател, до операторот се пренесува исклучиво самата порака (текст) или, пак, заедно со неа во пакет се испраќаат и некои други информации? Е, па, драги мои ќе мора да го прочитате текстот за да дознаете!


Фототехника

Panasonic DMC-TZ1 е најмалиот дигитален фотоапарат на светот кој поседува 10x оптички зум. DMC-TZ1, исто така, поседува и линеарен систем за автофокус со голема брзина и прецизност, оптички стабилизатор кој ефикасно го минимизира тресењето на раката, резолуција од 5 мегапиксели, голем и јасен LCD дисплеј и 18 режими на фотографирање. Повеќе за сето ова во текстот што следи.


Архитектура и градежништво

И оваа година на Скопскиот саем беше организиран Меѓународниот саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Тоа е трета по ред манифестација од ваков вид. Паралелно се неа се одвиваше и четвртиот Меѓународен саем на енергетика, еколошка и економска техника, технологија и опрема. Двете манифестации се одвиваа во периодот од 4 до 8 април.


Автомобилска техника

Добро познатата и широко распространета максима "технологијата во служба на човекот" кај Нисан Пиво добива уште една дополнителна димензија. Негова главна одлика е ротирачка кабина за 360 степени, систем познат од некои градежни машини, а освен тоа Нисан Пиво е преполн и со други хај-тек придобивки со кои ова јајцевидно возило прикажува дел од иднината на автомобилите.


Аеронаутика

Повеќенаменскиот борбен авион Торнадо, иако е во употреба повеќе од 25 години, и денес е еден од главните носители на воздухопловната моќ на НАТО и на европските замји. Благодарејќи на неговиот арсенал на современо оружје и авионика, може да изведува широк спектар на високоризични борбени мисии во секакви услови, со голема прецизност на борбено дејство, длабоко во непријателската заднина, врз цели на копно, море и во воздух.


Астрономија и астронаутика

Во најново време американското научно списание Дисковер (Discover) излезе со напис на 25 страници со наслов Frontiers of Science (Граници на знаењето), каде што во низа научни области е изнесен денешниот досег на знаењето и идните чекори на науката за премин преку тие граници. Во серија од неколку написи ќе ги проследиме најинтересните теми. Започнуваме од астрономијата, со тема: "До каде стасала науката во трагањето по екстрасоларна планета - 'копија' на нашата Земја".


Електроника

Десетцифрен код како сигурна заштита од неовластено користење на електрични и електронски апарати, а во комбинација со електрична брава, е идеална можност за рестриктивен пристап кон одредени простории или објекти.


Информатика

Мрежното поврзување на компјутерите и другите ресурси потребни за успешна работа во која било сериозна фирма е веќе нормална и неизбежна појава. Верувам дека предноста на ваквиот начин на работа е повеќе од очигледна. Во случај кога имаме еден печатач и повеќе компјутери и корисници кои имаат потреба од него, мрежното поврзување е неопходно. Незамисливо е работењето на една фирма да биде без интернет-конекција, која нормално треба да ја користат сите вработени. Но, мрежното поврзување денес веќе станува можно и во домашни услови. Голема заслуга за тоа имаат достапните цени на мрежните компоненти, како и релативно едноставната процедура за поврзување која ни ја овозможуваат модерните оперативни системи.


Информатика

Кога некој ќе ме праша "Каков компјутер да купам? " му велам просто: купи си играчка конзола. Сè уште немам направено анкета, но цврсто сум убеден дека 90% од оние што купуваат компјутерски машини прво, а можеби и единствено, на што помислуваат се игрите. Искрено, ме фаќа едно хистерично расположение кога ќе видам како се фрлаат пари на некакви ѕверски машини, со "state of the art" компоненти и крвожедни графички адаптери, а сè што се прави на нив е само играње...


Медицина

Остеопорозата претставува тивок прогресивен процес на намалување на коскената маса и коскената густина на скелетот, со зголемен ризик за скршеници на коските. Намален е бројот на трабекулите и спонгиозната маса на коските, без значајни промени во хемискиот состав на коските. Се јавува деминерализација на коските поради генетски, хормонски, нутритивни и фактори на стареење. Заболувањето е почесто кај жени и се јавува во постменопауза.


Писма
Моторче за ракетни модели
150W транзисторски засилувач како 200W гитарски засилувач
Сменете го дизајнот на ЕМИТЕР!
Подобрување на вокал-елиминаторот од Е 2/04
Чуден дефект во ТВ-приемник Самсунг