Рубрика: Медицина
Остеопороза
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Остеопорозата претставува тивок прогресивен процес на намалување на коскената маса и коскената густина на скелетот, со зголемен ризик за скршеници на коските. Намален е бројот на трабекулите и спонгиозната маса на коските, без значајни промени во хемискиот состав на коските. Се јавува деминерализација на коските поради генетски, хормонски, нутритивни и фактори на стареење. Заболувањето е почесто кај жени и се јавува во постменопауза.

За правилно функционирање и обезбедување на коскената цврстина потребно е континуирано заменување на старата коскена маса со нова, поцврста коска. За време на младоста процесите на ремоделирање се со позитивен баланс. Во понапредната возраст и старост, особено кај жените по менопауза, процесите на коскена изградба значително заостануваат во споредба со процесите на разградување.

Прогресивноста на остеопорозата е поизразена кај жени и по 40-годишна возраст. Машката популација не е поштедена од процесот на остеопороза, но сепак заболувањето започнува во понапредната старост и има поумерен тек на напредување. Мора да се спомене и пушењето, не како основен, но како дополнителен фактор. Пушењето двојно го зголемува ризикот за остеопороза, затоа што никотинот го намалува нивото на естрогенот во крвта.

Секој поединец треба да развие и да има лична одговорност за здравјето на своите коски. Кога се помислува на остеопорозата како клинички ентитет, таа лесно се превенира безболно се дијагоностицира и ефективно се третира. Само една од две остеопорозни фрактури се дијагностицираат од доктор. Само 10-15% од пациентите со симптоми на остеопороза правилно се лекуваат, затоа што останатите благовремено не се јавиле на лекар.

Комплетно излекување на остеопорозата нема. Постојат постапки за нејзино превенирање, забавување и запирање на прогресијата. Придржувањето до лекарските препораки го редуцира бројот на патолошките фрактури на бутната коска и на пршленските тела, а со тоа го намалува и инвалидитетот и смртноста кај популацијата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.