Емитер 7-8/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сигурно сте ја слушнале фразата: "За ова треба да се грижите како за очите". Но дали и како навистина се грижите за вашите очи? Дали сте слушнале за синдромот суви очи? Дали знаете дека сувите очи може да предизвикуваат и оштетување на видот? Дали знаете дека компјутерите се една од честите причини за суви очи? И за крај, дали знаете дека следејќи едноставни совети и вежби за вашите очи можете да си помогнете себе си и на својот вид? Прочитајте, научете, и практикувајте ги советите и вежбите, а вашите очи ќе ви бидат благодарни.
Синдромот или болеста суви очи се јавува кога очите не прават доволно солзи или солзите испаруваат премногу бргу, така што очите остануваат без потребното подмачкување. Солзите се неопходни за одржување на предната површина од окото здрава и овозможуваат јасен и чист вид. Луѓето со суви очи или не произведуваат доволно солзи, или солзите им се со слаб квалитет ако може така да се каже. Состојбата суви очи е заеднички, а често и хроничен проблем особено кај луѓето од постарата генерација.
Со секое трепнување со очните капаци, солзите се разнесуваат по предната површина на окото, наречена рожница. Солзите овозможуваат подмачкување на окото, го намалуваат ризикот од инфекции во окото, помагаат во измивањето и исфрлањето на туѓите материи и тела надвор од окото и ја одржуваат неговата површината мазна и чиста. Вишокот солзи се влеваат во мали одводни канали во внатрешните агли на очните капаци, од каде се исцедуваат во задниот дел од носот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.