Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Денес речиси и да нема работно место на кое не е потребна работа со персонален компјутер. Според истражување на Светската здравствена организација, бројот на таквите работни места расте од ден на ден. Ако бројот на ваквите работни места бил 10 до 20 проценти во 1950 година, денес тој надминува 50 %, а во некои области на професии е дури 100%. Седењето на маса пред компјутерот носи голем број ризици по здравјето на оние кои мораат така да го поминат работниот ден, но многу често така е и за помладата популација која ја сочинуваат ученици, студенти и оние кои бараат работа.
Како и да е, заради работа, учење или забава, заради и што да е, проблемите кои се јавуваат додека работите со персоналниот компјутер или лаптопот, се присутни и на многумина им се добро познати, а, сепак, тие продолжуваат свесно или несвесно да се коцкаат со здравјето и не преземаат ништо за да се заштитат. Како резултат на тие промени се нарушува и физичкото и психичкото здравје. Постојат повеќе проблеми, но, сепак, најчести се овие: Carpal Tunnel синдром, болки во грбот и половината, вкочанети зглобови, напрегање на очите, бактерии и стрес.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.