Губењето на косата е актуелен проблем за повеќето луѓе на оваа планета. Според статистиките, тоа се јавува кај 70% од мажите. Се смета дека кај жените алопецијата е многу поретка состојба, но статистиките покажуваат дека околу 30% од жените се соочуваат со губење на косата порано или подоцна во животот. За среќа, кај жените тоа вообичаено не завршува со потполна ќелавост, како што е случај кај мажите. На пазарот има мноштво производи против опаѓање на косата, за кои се тврди дека ќе ја спречат алопецијата, но постојат и алтернативни третмани. Прочитајте за да дознаете повеќе.
Причината за опаѓање на косата сè уште не е потполно разјаснета, но лекарите се сложуваат дека има повеќе причинители: стрес, анемија, генетика, болести наšштитната жлезда, хормонски нарушувања, хемотерапија, лекови, габични заболувања, физичко малтретирање на косата и друго. Кај жените, за најголеми “виновници” се сметаат стресот, анемијата и менопаузата. Кај мажите, пак, за губитокот на косата највиновни се гените и хормоните, велат истражувачите.
Алопецијата може да се лекува со конвенционална, но и со алтернативна медицина, иако поголем број истражувачи велат дека алопецијата не може да се излечи, но може да се ублажи. На пазарот има мноштво производи против опаѓање на косата, за кои се тврди дека ќе ја спречат алопецијата, дури и ќе ја вратат изгубената коса. За жал, понекогаш рекламите го прикажуваат нереално делувањето на производите.
Нема сомнение дека инстант решение нема и дека за лечење на алопецијата е потребно време и стрпливост. Вистина е дека постојат препарати коишто се мошне делотворни, но нивниот недостаток е во тоа што се многу скапи, а можат да имаат и сериозни нуспојави. Затоа, при набавката на некој препарат, треба добро да се проучи упатството. Поради овие причини сè повеќе луѓе бараат природни начини за лечење на алопецијата. Алтернативната медицина нуди неколку начини за решавање на овој проблем, иако и овде треба да се напомене дека ниедна метода не дава брз резултат.
Невозможно е да се оќелави за еден ден. Слично на тоа, потребно е подолго време за косата да почне повторно да расте. Резултатите од терапијата вообичаено се гледаат по неколку месеци, па затоа треба да бидеме упорни. Притоа треба да се напомене дека опаѓањето на косата е поврзано и со исхраната и здравјето на целиот организам, бидејќи сè во нашиот организам е меѓусебно поврзано, па поради тоа, здравјето на косата зависи од здравјето на целиот организам.
Ако имате проблем со опаѓање на косата, алтернативната медицина препорачува да се подобри исхраната, да се заборават лошите навики, да се намали стресот и што подолго да се престојува на чист и свеж воздух. Квалитетната исхрана е многу битна. За да се спречи опаѓањето на косата од која било причина, потребно е да го зголемиме внесот на овошје, зеленчук и свежи сокови. Особено се препорачуваат зелените кашести сокови за кои постојат повеќе рецепти.
Инаку, постојат многу домашни рецепти коишто можат значајно да ја подобрат состојбата на косата, а притоа не се многу скапи. Еве некои од нив: Коприва – Сигурно сте слушнале за делотворното влијание на копривата на косата. Третманот со коприва е најдоброто што можете да го направите за својата коса и воопшто не е скап. Мијте ја косата со чај од коприва секој ден. Резултатите се видливи по неколку седмици. Етерични масла – Масирајте го скалпот со мешавина од етерични масла (мајчина душичка, рузмарин или лаванда) еднаш дневно. Мед и цимет – Направете смеса од мед, топло маслиново масло и една лажичка цимет. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја 15 минути, потоа измијте ја косата. Ова е ефикасен домашен рецепт против косопаст. Сок од црвен кромид – Сок од кромид треба да се втрива на скалпот два пати на ден. Резултатот е видлив по 4-6 седмици. Комбуха печурка – Чајот од комбуха е многу лековит, а делува и против опаѓањето на косата.