Многу нешта во кои луѓето секојдневно уживаат, без оглед дали е тоа техника, храна, пијалак, автомобил и кој било друг производ, добиени се како резултат на некој производствен процес. Од друга страна, пак, секој процес за да го даде она за кое што е и првенствено наменет, потребно е истиот да се контролира. За таа цел луѓето разработиле најразлични системи на контрола, водејќи се од самите карактеристики на процесот кој треба да се контролира, како и условите под кои треба да се врши.