Емитер 9/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од првиот ден кога беше забележан во Мексико, на свинскиот (мексиканскиот) грип му беа потребни нешто помалку од четири месеци да нарасне во пандемија од светски размери. Ова поттикна повеќе дебати во научната јавност, меѓу кои и прашањето за најефикасниот начин да се спречи заразување на поголемиот дел од светската популација. Имајќи ја предвид способноста на вирусот за брзи мутации, имунизациската програма од големи размери ќе треба да создаде големо количество на вакцини за кус временски период. За несреќа, сегашните методи за производство се бавни, чинат многу пари и се неефикасни. Првите тестирања за ефикасноста на вакцината против свинскиот грип се веќе во тек во Австралија, така што прашањето за што побрзо создавање вакцини никогаш не било поитно. Во моментов се испитуваат три нови техники кои може да бидат токму соодветниот одговор на идните пандемии кои нè демнат.
Една од техниките е употребата на растенија за јадење кои се видоизменуваат за да создадат антигени за вакцинација.Крајниот производ се генетски модифицирани растенија кои се самите вакцини наменети за јадење. Вториот начин е добивање на растителна вакцина која се добива со техники во кои нема измена на основниот растителен ДНК код а која се извлекува од растение кое е заразено со хибриден вирус - производ на вкрстување на мали количества од вирусна ДНК од човечка болест со ДНК од растителен вирус. И трет начин на производство е употреба на бактерии за култивација на антиген, техника во која дел од вирусната ДНК се инјектира во генетската секвенца на бактеријата (најчесто ешерихија коли (еcherihia coli) каде се создваваат антитела кои подоцна се извлекуваат како вакцина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.