Рубрика: Архитектура и градежништво
Топлинска изолација на згради
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од сите инвестициски трошоци при градба на некој објект, единствено средствата вложени во топлинската изолација по одреден временски период се враќаат на инвеститорот преку заштеда на енергијата потребна за греење и ладење на објектот. После овој амортизациски период топлинската изолација се претвора во голем штедач во корист на инвеститорот за време на целиот период на експлоатацијата на објектот, сразмерно со степенот на изолираноста.

Добро димензионирана и правилно вградена топлинска изолација може да заштеди повеќе од 50% топлинска енергија во однос на идентичен објект без изолација. На пример, ѕид со надворешна топлинска изолација од 6 cm има за 3,2 пати помал коефициент на пренесување на топлината во однос на ист таков ѕид без изолација, што значи дека неизолираниот ѕид има 3,2 пати поголеми топлински загуби. Доколку станува збор за куќа со надворешни ѕидови од 100m2, тогаш за една грејна сезона енергетските заштеди на изолираниот ѕид изнесуваат околу 3 820 kWh, што одговара на 10 000 денари. Во летниот период исто така има значајна заштеда заради намалената потреба од разладување со климатизер. Согласно претходното произлегува дека изолираната фасада со 6 cm по основ на енергетските заштеди ќе се исплати за 4 - 7,5 години. Имајќи го предвид векот на употребата на објектот, кој обично изнесува повеќе децении, можеме да претпоставиме какви огромни заштеди ќе оствари топлинската изолација во преостанатиот период. Прикажаната математичка пресметка е упростена, информативна, бидејќи не се земени предвид некои други елементи, кои влијаат на крајниот резултат (влијанието на топлинските мостови, број на часови за греење, прекини во греењето, локалните климатски услови и др.)

Топлински загуби на куќа со оџак

Температурни дијаграми на ѕид без и со надворешна изолација

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.