Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фотографирани местата каде што слетаа мисиите Аполо на Месечината
Автор: Мартин Стојановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На оваа вест многу од луѓето чекаа веќе 40 години. Прашањето, дали слета човекот на Месечината, уште од 20 јули 1969 г. па наваму за голем дел од луѓето на Земјата претставуваше незнаница. Теоретичарите на заговор со разноразните информации дека овој потфат воопшто не се случил, ги преплавуваа интернет-страниците и телевизиските емисии. Секојдневно можеше нешто да се прочита дека пред 40 години не постоеле шанси да се случи слетување со човечки екипаж на Месечината, поради преголемиот ризик и сè уште не толку развиената вселенска програма.

Кога ја прочитав веста на интернет, навистина премногу се израдував. Сигурно ова за мене беше една од најспектакуларните астрономски вести кои ги имав слушано со години. Да, може некој ќе си каже зошто тоа е премногу важно кога веќе се знаеше дека сме слетале на Месечината? Да, токму така, на мене не ми беше потребен овој доказ за слетувањето на Месечината, но, сепак, сега имаме еден несоборлив факт со кој навистина можеме да кажеме дека тоа е навистина така.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.