Рубрика: Фототехника
Школа за фотографија: Дигитални формати на фотографиите
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Работата со програмите за обработка на фотографии овозможи многу сложени класични фотографски техники да се сведат на детска игра. Но, таа детска игра како да завршува кога ќе почнеме да размислуваме на кој начин да ја сочуваме обработената фотографија. Мноштвото формати како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати.

За да имаме јасен преглед на дигиталните формати кои се користат во фотографијата, треба да се запознаеме со основите на создавањето на дигиталната фотографија. Различните дигитални фотоапарати користат различни технологии за добивање на фотографија, но најголем број од нив користат таканаречен "мозаичен сензор" и тие се нарекуваат CFA-камери. Овие камери, било да се со CCD или CMOS-сензори, користат дводимензионална површина составена од сензори кои можат да разликуваат градации на интензитет на светлина, но не можат да разликуваат бои. За да се добие фотографија во боја се користат разни итроштини од кои најпопуларна во последно време е Баеровата интерполација. За да ни станат работите појасни, накратко ќе ви ја презентирам оваа техника.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.