Рубрика: Електроника
Електронски контролери: избор и апликации (1)
Автор: Мирослав Китаноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многу нешта во кои луѓето секојдневно уживаат, без оглед дали е тоа техника, храна, пијалак, автомобил и кој било друг производ, добиени се како резултат на некој производствен процес. Од друга страна, пак, секој процес за да го даде она за кое што е и првенствено наменет, потребно е истиот да се контролира. За таа цел луѓето разработиле најразлични системи на контрола, водејќи се од самите карактеристики на процесот кој треба да се контролира, како и условите под кои треба да се врши.

Дури и природните појави кои ние како луѓе не сме во состојба да ги контролираме, истите ги контролира самата природа. Значи, накратко да резимираме дека секој процес подлежи на контрола, а со самиот развој на науката и техниката, особено на електрониката во последниве години, создадени се и сè уште се создаваат сè пософистицирани системи за контрола на најразлични процеси. По тој повод, ќе бидат разгледани некои општи карактеристики на процесите и нивна контрола со електронски контролери. Иако пристапот кон оваа проблематика ќе биде повеќе од теоретска природа, истиот, сепак, нуди голема практична примена.

Компактен контролер

Системски контролер

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.