Емитер 4/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во минатиот број на ЕМИТЕР ја објавивме "класичната" верзија на популарниот Теслин трансформатор за продукција на високофреквентни и високонапонски електрични осцилации. Во овој број ја објавуваме втората верзија на уредот со "модернизиран" генератор, кој наместо "класичен" механички преклопник (Вагнеров прекинувач) користи електронски преклопник.
Генераторот работи на истиот принцип како и системот за електронско палење на горивото кај современите автомобили, каде функцијата на механички прекинувач на струјата (платински копчиња), ја врши полуспроводнички преклопник. Тој се гради како посебен уред, т. е. одделно од Теслиниот трансформатор.
Склопот користи автомобилска бобина за досег на висок напон, нужен за продукција на "волтин лак", кој се појавува на искриштето.
Со готовиот уред може да се реализира продукција на куси молњи со доближување на метален предмет до антената, безжичен пренос на енергија (неонска цевка доближена до антената светли во вашите раце неповрзана никаде), како и други светлински ефекти. Освен тоа со уште еден мал додаток, монтиран на врвот од цевката на секундарната намотка може да реализирате и интересен светлински ефект во форма на лепеза.
ИК: 7812, NE555
кондензатори: 22nF/2kV
автомобилска бобина
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.