Омнибус

Seagate 12GB драјв за мобилни телефони;
Макета на Messerschmitt BF-109C/D од Classic Airframes;
Квантни точки за детекција на ДНК;
Tannoy Reveal 6;
Неоком на CeBIT;
Wharfedale Diamond 9.1 во рацете на среќниот добитник;
Албанска верзија на Office 2003;
Ѕвездата Северница е троен ѕвезден систем;
Wharfedale Professional за професионално озвучување;
Седичи - првиот реактивно-урбан теренец на Фиат;
Откриен нов вид на ѕвезди;


Омнибус

Почитувани читатели, после внимателна и долготрајна статистичка анализа, ви ги претставуваме резултатите од нашата и ваша "Анкета 2005 - читателите и ЕМИТЕР". Добивме навистина драгоцени информации за структурата на читателската публика на ЕМИТЕР, нејзините интереси и размислувања во врска со ЕМИТЕР.


Автомобилска техника

Осмиот по ред Автоекспо, меѓу другото, покажа дека интересот за автомобилите во Македонија не е ништо помал отколку во некои други земји и дека разликите меѓу пазарите се сведуваат само на куповната (не)моќ на купувачите. Во тоа име, во периодот од 10 до 16 март, можеа на едно место да се видат голем дел од новитетите на светската автомобилска индустрија, преточени во триесетина премиери од кои најголем дел веќе можат да се купат и кај нас.


Аеронаутика

Во 2005 година Воздухопловната федерација на Република Македонија на свечен начин ја одбележа 50-годишнината од градбата на првата македонска едрилица со високи способности, Илинденка. Но, ако 1955 година беше значајна по тоа што се изгради и го направи првиот лет, 1956 година е за одбележување затоа што за прв пат беше успешно промовирана на европското првенство во Полска.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономите-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на Сатурн.


Аудио и видеотехника

Туѓината пуста да остане!


Аудио и видеотехника

Вљубениците на квалитетната репродукција (Hi-Fi) на звукот не би биле тоа што се ако постојано, како под ‘дефаулт’, не покажуваат жив интерес кон минатите, сегашните и идните случувања во светот на Hi-Fi техниката. При набавката на сопствената целокупна Hi-Fi опрема или во делови, како дополнение на постојната, тие секогаш се спремни на дискусија и убедување дека овој или оној дел од опремата ги има овие или оние особини во однос на некои други итн.


Електроника

За неопходноста на постоење на заштита не треба ни да зборуваме, но од каде ни е таа идеја дека уреди со вредност од неколку стотици, па понекогаш и неколку илјади евра треба да ги оставиме на милост и немилост на една жичка наречена "топлив осигурувач", со вредност помала од неколку дени?


Електроника

Мисијата на Флуке да биде и да остане светски лидер во компактната, професионална, електронска мерна опрема, продолжува. Пробивот на полето на бесконтактно мерење на температурата, започнат пред две години, исфрли на пазарот неколку супериорни мерни инструменти со кои уште повеќе се популаризира дијагностичкото и предиктивното одржување на електричните постројки. Секако, најексклузивен и најинтересен меѓу нив е термовизиската камера Ti-30.


Електроника

Во ова продолжение на серијата посветена на програмскиот пакет EAGLE CAD, подетално ќе се запознаеме со модулот наменет за дизајнирање на плочката со печатено коло (ППК). Освен основните карактеристики на овој модул, во кратки црти ќе бидат дадени и неколку насоки за дизајнирање на ППК, како и опис на дел од командите неопходни за нивно правилно имплементирање.


Електроника

На предлог од читателот Димитар Величковски во овој напис од нашата "Школа за електроника" ќе се обидеме практично да ја прикажеме и да ја објасниме изработката на плочка со печатени кола (ППК) во домашни услови, со употреба на лесно достапни материјали.


Електроника

Сигурно ви се случило да ја заборавите вратата на фрижидерот подотворена одредено време, или уште полошо, да излезете од домот без да знаете во каква состојба сте го оставиле фрижидерот. што следи потоа, можете и самите да претпоставите. За да ги избегнете овие непријатни ситуации, доволно е да вградите едноставен аларм, кој по извесно време ќе ве предупреди дека вратата не е целосно затворена.


Информатика

Како што ви ветив уште во декемврискиот број на ЕМИТЕР (12/05), во овој број ќе се обидам во кратки црти да ви го претставам SQL Server 2005. Во ниеден момент не се двоумев дали да започнам со анализа и тестирање на овој софистициран, комплексен но воедно и популарен систем база на податоци, пред сé, поради трендот на развој на оваа технологија.


Информатика

Во февруари 1946 година, Џ. Преспер Екерт (J. Presper Eckert) и Џон Маучли (John Mauchly) за прв пат на светот му го открија електронскиот компјутер кој ја промени историјата во развојот на компјутерската технологија. Нивниот ENIAC (Electronic Numerical Integrator And Computer) можел да се справи со 5000 проблеми во секунда, во тоа време најбргу од секоја дотогашна направа.


Информатика

LCD-мониторите стануваат сé повеќе и повеќе застапени кај десктоп корисниците, откако падна нивната цена, а и корисниците ги открија нивните предности. На пазарот, денес, се застапени разни видови LCD-монитори од различни производители, со различни карактеристики, секој за себе со свои предности и свои мани. Samsung SyncMaster 243T е 24-инчен TFT-LCD монитор од последната генерација, кој поседува импресивни карактеристики и низа кориснички можности.


Информатика

Microsoft Publisher е дел од Microsoft Office пакетот, кој веројатно е најмалку експлоатиран кај обичниот корисник. Претпоставувам дека мал дел од корисниците на Office-от знаат дека овој програм, освен тоа што може да се користи за печатење на извештаи, календари, банери, брошури и други корисни работи, се користи и за Web-дизајн. Со него може да се направат мали но интересни Web Site-ови, многу е лесен за работа и потребно е малку време за да ги совладате основните вештини.


Информатика

Додека броадбанд Интернетот стана стандард во целиот свет, различни земји и региони имаа различен пристап при имплементирањето на мрежниот хардвер. На пример, во Канада речиси секоја мрежна алатка, од рутери до DSL или кабелски модем, е поврзана на надворешна кутија, која е поврзана со компјутерот преку CAT5 Ethernet кабел. Во Европа работите се многу поразлични. Тука се води во правец на внатрешни солуции кои ги користат десктоп компјутерите како хост (домаќин) за овие мрежни алатки.


Историја и археологија

Најновите откритија на група археолози од Бразил укажуваат дека Индијанците не се првите луѓе кои го населиле американскиот континент. Тоа го сториле австралиските Абориџини уште пред 50 000 години!


Телекомуникации

Тренд кај сите телевизиски куќи е да имаат брзо, актуелно и квалитетно известување. Интерактивната комуникација меѓу медиумот и гледачите е сé побитна во креирање на програмите. За да го остварат тоа, потребна им е соодветна техничка поддршка. Квалитетот на сигналот е битен, но финансискиот фактор е лимитирачки. Покрај сетовите за ЕНГ и мобилните возила во кои има сместено опрема, битно за остварување на овие комуникации се врските (телевизиските линкови).


Математика

Честопати сме биле сведоци на некоја комична ситуација кога кловнот прави некоја смешка. Смеата е "послатка" кога навидум е едноставна. Зошто публиката се смее кога јунакот од нашиот комичен филм почнува да го бара другиот крај на цревото за полевање на вода, толку измрсено и одеднаш без никакво изненадување повторно ќе се најде пред чешмата?! Или што ни изгледа смешно за совет од ваков тип: "За да го закрпите скинатиот чаршаф ставете го со дупката одоздола".


Астрономија и астронаутика

Новооткриениот објект во Куиперовиот појас, 2003 UB313, е првото тело откриено по Нептун (во 1846 година) што има дијаметар поголем од тој на Плутон. Поради немањето конкретна дефиниција што е планета, се отвори прашањето дали ова тело да биде прифатено како планета или не?


Електроника

Во минатиот број на ЕМИТЕР ја објавивме "класичната" верзија на популарниот Теслин трансформатор за продукција на високофреквентни и високонапонски електрични осцилации. Во овој број ја објавуваме втората верзија на уредот со "модернизиран" генератор, кој наместо "класичен" механички преклопник (Вагнеров прекинувач) користи електронски преклопник.


Информатика

Во изминатата година се крена многу прашина околу "феноменот" наречен Voice over IP, попознат како Интернет-телефонија и во кој многумина го видоа спасот од астрономските телефонски сметки. Имено, самата технологија претставува еден нов (пред сé, поевтин) начин на комуникација и предизвика вистински турбуленции во светски рамки на полето на телекомуникациите, а самите VoIP провајдери прераснаа во вистинска конкуренција на фиксната телефонија, пред сé, кога станува збор за разговорите со странство. Во овој напис може да прочитате повеќе за самата технологија, како таа работи и што ви е потребно доколку сакате и вие да го користите сервисот наречен Интернет-телефонија.


Телекомуникации

Овој напис им е посветен на сите оние кои голем дел од своето време го минуваат пишувајќи СМС-пораки на пријателите. Верувам дека такви има многу Ј. Доколку вие сте еден од нив, тогаш не испуштајте ја оваа прилика да научите нешто ново за СМС дигиталниот свет.


Писма
Нови предлози и стари планови тешки за реализација
Шема за MIDI кабел
Помоќен теслин трансформатор
Прашања, прашања...