Рубрика: Телекомуникации
Анатомија на SMS (1. дел): Функционирање на системот
Автор: Петар Димоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој напис им е посветен на сите оние кои голем дел од своето време го минуваат пишувајќи СМС-пораки на пријателите. Верувам дека такви има многу Ј. Доколку вие сте еден од нив, тогаш не испуштајте ја оваа прилика да научите нешто ново за СМС дигиталниот свет.

SMS е кратенка за “Сервис за кратки пораки” (Short Message Service). Најпросто кажано, SMS претставува метод на комуникација помеѓу мобилните телефони кој овозможува испраќање на кратки текстуални пораки. Колку само “кратка” може да биде пораката ви кажува самиот податок дека максималниот број на карактери (Lathin alphabet) е 160.

Сервисот за кратки пораки е креиран во 1980 година и бил планиран да работи со дигиталната технологија позната како GSM, која денес е основа на модерната мобилна технологија. Инженерите од Норвешка, кои се сметаат за пронаоѓачи на оваа технологија, имале идеја да направат сервис за размена на пораки кој ќе работи  дури и ако мобилниот апарат е исклучен или моментално е надвор од мрежата на покриеност.

SMS-от има повеќе добри страни. SMS-пораката за разлика од телефонскиот разговор е многу подискретна, идеално нешто доколку сакате да исконтактирате со некој, а притоа да не бидете слушнати од луѓето околу вас. Иако слободно можам да кажам дека SMS има многу повеќе предности отколку негативности, сепак, мораме да го направиме “адетот” и да спомнеме некои од работите што не го прават овој сервис толку флексибилен. Една од најлошите особини е тоа што брзината за испорачување на SMS пораката никој оператор не ви ја гарантира...

SMS-пораките колку и да ви изгледаат “демоде”, сепак, успешно ги заменија пејџерите и ја упростија постапката за праќање порака, така што денес имаме релативно побрза и подобра комуникација. SMS-комуницикацијата сè повеќе наоѓа примена кај помладата популација за разлика од постарата која ја избегнува, најчесто поради ослабениот вид.

 

Кратка GSM лекција

Накратко да видиме како, всушност, функционира она што нас најмногу нè интересира, а тоа е примање/праќање SMS-пораки. Најпрво, да напоменеме дека постои таканаречен “сервис центар за кратки пораки” (Short message service center) или кратко наречен SMSC. Кога некој ќе испрати SMS-порака, таа “патува” до SMSC и таму се меморира. Со други зборови, SMSC е задолжен за целокупниот SMS-сообраќај во рамките на еден мобилен оператор.

 

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.