Рубрика: Телекомуникации
Дали сте подготвени за новата 5Г-технологија?
Автор: Миле Кокотов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На прагот сме на вистинска дигитална револуција којашто ќе ја овозможат новите електронски комуникациски мрежи од 5-тата генерација. Освен што ќе го смени начинот на којшто комуницираме, овој нов технолошки стандард ќе го смени и начинот на кој живееме. Но, истовремено со развојот и имплементацијата на 5Г технологијата ширум светот се шири и страв од евентуални штетни  последици по здравјето.

Технолошкиот развој со забрзани чекори незапирливо оди напред, овоз­можувајќи севкупен развој на човечкото општество во целина. На прагот сме на вистинска дигитална револуција којашто ќе ја овозможат новите електронски комуникациски мрежи од 5-тата ге­не­рација, популарно наречени 5Г, кои имаат огромен потенцијал. Освен што ќе го смени начинот на којшто комуни­цираме, овој нов технолошки стандард ќе го смени и начинот на кој сме навик­нати да живееме. Електронските без­жични мрежи од петтата генерација ќе донесат огромни брзини на пренос на податоците и неповратно ќе го сменат начинот на кој функционира општес­твото што го познаваме денес, а диги­тали­зацијата ќе навлезе во секоја пора од секојдневниот живот. Ќе живееме во паметни домови и паметни градови, со паметни електронски дигитални уреди кои ќе ни помагаат и ќе ни го олеснуваат животот. “Интернет на нештата” (Internet of things), како платформа што меѓусебно ги поврзува уредите, ќе стане реалност и ќе овозможи целосно поинакво секој­дневие, нов начин на користење на до­маш­ните уреди, нов начин на организи­рање на слободното време, нов пристап во медицината, споделување информа­ции, подобри мобилни и јавни сервиси...

Недоволната и неправилна инфор­мира­ност на граѓаните за електромаг­нетното зрачење придонесува кај дел од луѓето да се појави страв од евентуални штетни последици по здравјето.

Со години наназад, сведоци сме на раз­­ни шпекулации за опасноста од изло­же­ност на радиобранови и микробра­нови. Често можеме да слушнеме дека зра­чењето од базните станици на мо­бил­на­та телефонија è штетно, а и WiFi-ру­те­рите кои ги имаме по дома се опасни...

Неодамна, на интернет можевме да прочитаме дека при експериментирање со новата 5Г-технологија, имало ма­совно изумирање на птици и други живи организми во близина на 5Г-базните ста­ници. Денес на интернет секој може да напише секаква глупост, не наведувајќи никаква релевантна научна поткрепа и не цитирајќи никаков научен труд. Оста­вам на вас дали да верувате на таквите сејачи на магла и теории на заговор.

Ако сакате да ги дознаете вистинските информации како за функционирањето така и за придобивките од 5Г технологијата прочитајте ја оваа статија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.