Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во претходниот текст во кратки црти се Ви го претставив еден од најкорисните радиотехнички мерни инструменти, а тоа е векторскиот РФ-анализатор и накратко ги објаснив некои од неговите можности. До пред само една година ваквите инструменти поради својата огромна цена, можеа да ги користат само ограничен број на среќни инженери и научници во научно-истражувачки лаборатории. Во последно време, лека-полека и еден по еден, се појавија неколку евтини векторски РФ-анализатори со различни можности, за цена од само илјада евра, па дури и помалку. No, вистинска револуција на пазарот направи појавата на еден мал џебен, ама многу моќен вистински векторски РФ-анализатор со интересно име „NanoVNA”.
Квалитетни векторски РФ-анализатори од познатите брендови како што се Rohde & Schwarz, HP, Keysight, Anritsu, Agilent и слични, чинеа вистинско богатство. Од неколку илјади па до неколку стотици илјади евра. Во последно време, лека-полека и еден по еден, се појавија неколку евтини векторски РФ-анализатори со различни можности, за цена од само илјада евра, па дури и помалку. Сите тие „евтини" векторски РФ-анализатори се обидуваа помалку или повеќе да ги достигнат некои од можностите на нивните многу поскапи братучеди, и претставуваа вистинско освежување на пазарот на овие ексклузивни корисни радиотехнички мерни инструменти, кои сега станаа достапни и за „пошироките народни маси" :).
NanoVNA - Измерена карактеристика на жичена дипол антена за 3,6 MHz
Изминатата година вистинска револуција на пазарот направи појавата на еден мал џебен, ама многу моќен вистински векторски РФ-анализатор со интересно име „NanoVNA”. Ова малечко чудо, и покрај својата фантастично евтина цена (јас го набавив за само 42 евра), има екран во боја кој се командува со допир. Освен тоа, NanoVNA е многу практичен за работа на терен поради своите мали димензии, а истовремено е зачудувачки точен и прецизен.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.