Рубрика: Телекомуникации
Векторски анализатори на РФ-мрежи
Автор: Миле Кокотов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали ве интересира радиотехниката? Дали посакувате да направите подобра антена за вашата радиостаница? Ви требало ли некогаш да проверете дали некој коаксијален кабел има краток спој или проблем во внатрешната структура и да определите точно на кое место е тоа? Ако одговорот на овие неколку прашања е позитивен, тогаш веројатно знаете колку е неопходен еден инструмент кој се нарекува векторски РФ мрежен анализатор (Vector Netvork Analyzer – VNA).

Векторскиот РФ мрежен анализатор е витален инструмент за тестирање, мерење и за нагодување разни радиотехнички уреди, како и пасивни и активни елементи. За жал, овие инструменти се ужасно скапи. Цената им се движи од неколку илјади, па до повеќе десетици илјади евра (слика 1). Поради тоа, до неодамна беа достапни само за професионални ис­тражу­вач­ки компании или за научно-истражувачките установи. Постојат главно два вида РФ-анализатори, скаларен РФ-анализатор и векторски РФ-анализатор.

Клучни зборови:
Приказ на дисплеј од векторски РФ-анализатор

Приказ на дисплеј од векторски РФ-анализатор

Прикажани вредности на шмитов дијаграм од векторскиот РФ-анализатор

Прикажани вредности на шмитов дијаграм од векторскиот РФ-анализатор

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.