Рубрика: Телекомуникации
Нов македонски рекорд за далечина на врска со радиоаматерска телевизија (ATV) на 5,76 GHz
Автор: Дејан Трајковски, Z31RQ
Објавено на 07.10.2024 - 09:45

Z31RQ on micro-waves

Поставен е нов далечински рекорд за двонасочна телевизиска врска на подрачјето од 5,76 GHz (бранова должина 5,5 cm - C Band), на растојание од 65,66 km. Воедно ова е и најдалечната ATV врска во Македонија на било кој банд воопшто...

Денеска Николче, Z32TW и јас, Z31RQ, работејќи од портабл локации воспоставивме нов далечински рекорд за двонасочна телевизиска врска на подрачјето од 5,76 GHz (бранова должина 5,5 cm - C Band), на растојание од 65,66 km. Воедно ова е и најдалечната ATV врска во Македонија на било кој банд воопшто.

Лево: Станицата на Николче за 5,76 GHz ATV кај караулата Живојно, на македонско-грчката граница, во подножјето на планината Ниџе. Надморска висина: 765 m. Десно: Мојата станица на Бушева Планина близу с. Селце, крушевско, на надморска висина од 905 m.

Николче работеше од локација близу до караулата Живојно, на македонско-грчката граница (локатор: KN00TV24GE), а јас работев од близу с. Селце, крушевско (локатор: KN01PK01QA).

Трасата на рекордната телевизиска врска од 65,66 km на карта. Применето е LOS (line of sight) простирање, односно меѓу двете станици теоретски постои оптичка видливост. Убава траса за експерименти на микро-бранови, од релативно лесно достапни локации со возила.

Вертикален профил на трасата. Заради закривеноста на Земјината топка, испакнатоста („мевот“) на средината од патеката изнесува 82 m. Најмалку за толку двете станици мораа да бидат над нивото на Пелагонија. Всушност, моравме да бидеме и повисоко, бидејќи токму на половина од трасата ридот кај селото Лознани претставува пречка што мораше да се надвиши. Радио брановите ја надминуваат препреката за околу 40 m.

Модулација и начин на работа: F3F (фреквентно модулирана аналогна телевизија). Моќност на предавателите: 30 dBm (1 W), засилување на антените: 30 dBi (параболични рефлектори со 8-елементни планарни антени како илуминатори).

Поглед преку нишанот од мојата локација кај Селце преку цела Пелагонија кон Живојно, на подножјето од планината Ниже. Тоа е последниот ред планини што се губи во измаглица далеку на хоризонтот. Се разбира, заради големата далечина нишанењето е инструментално, со помош на компас и инклинометар, а не визуелно.​​​​​​​

Николче ми дава потврда на приемот на мојот рапорт и воедно ми дава рапорт за видео (P5) и аудио сигналот (S9). Примено кај мене близу Селце, крушевско.​​​​​​​

Врската беше успешна од првиот обид, а видео и аудио сигналот имаа одлична јачина и квалитет со само 1 W моќност, благодарение на засилувањето на антените.

Со оваа врска е надминат претходниот ATV рекорд на 5,76 GHz од 47 km помеѓу манастирот Трескавец, прилепско и Буковски Ливади, Битола.

Моите сигнали од Селце, крушевско (повикувачките знаци и рапортот за видео и аудио сигнал) примени кај Николче, близу Живојно, на растојание од 65,66 km. Квалитетот и јачината на сигналите се извонредни.

Клучни зборови:
Z31RQ on micro-waves

Z31RQ on micro-waves

Станицата на Николче за 5,76 GHz ATV кај караулата Живојно

Станицата на Николче за 5,76 GHz ATV кај караулата Живојно, на македонско-грчката граница, во подножјето на планината Ниџе. Надморска висина: 765 m.

Мојата станица на Бушева Планина близу с. Селце, крушевско

Мојата станица на Бушева Планина близу с. Селце, крушевско, на надморска висина од 905 m

Трасата на рекордната телевизиска врска од 65,66 km на карта

Трасата на рекордната телевизиска врска од 65,66 km на карта. Применето е LOS (line of sight) простирање, односно меѓу двете станици теоретски постои оптичка видливост. Убава траса за експерименти на микро-бранови, од релативно лесно достапни локации со возила.

Поглед преку нишанот од мојата локација кај Селце преку цела Пелагонија кон Живојно, на подножјето од планината Ниже

Поглед преку нишанот од мојата локација кај Селце преку цела Пелагонија кон Живојно, на подножјето од планината Ниже. Тоа е последниот ред планини што се губи во измаглица далеку на хоризонтот. Се разбира, заради големата далечина нишанењето е инструментално, со помош на компас и инклинометар, а не визуелно.

Вертикален профил на трасата.

Вертикален профил на трасата. Заради закривеноста на Земјината топка, испакнатоста („мевот“) на средината од патеката изнесува 82 m. Најмалку за толку двете станици мораа да бидат над нивото на Пелагонија. Всушност, моравме да бидеме и повисоко, бидејќи токму на половина од трасата ридот кај селото Лознани претставува пречка што мораше да се надвиши. Радио брановите ја надминуваат препреката за околу 40 m.

Николче ми дава потврда на приемот на мојот рапорт и воедно ми дава рапорт за видео (P5) и аудио сигналот (S9)

Николче ми дава потврда на приемот на мојот рапорт и воедно ми дава рапорт за видео (P5) и аудио сигналот (S9). Примено кај мене близу Селце, крушевско.

Поглед преку нишанот од антената на Николче кај Живојно, преку цела Пелагонија во насока на с. Селце и Бушева Планина, крушевско

Поглед преку нишанот од антената на Николче кај Живојно, преку цела Пелагонија во насока на с. Селце и Бушева Планина, крушевско. Локацијата на Николче е внимателно одбрана и прилично е критична, заради близината на падината на Селечка Планина (десно) и потребната надморска висина.