Рубрика: Астрономија и астронаутика
За небесниот спектакл на порамнување на планетите
Автор: Скопско Астрономско Друштво
Објавено на 27.01.2025 - 13:00

Деновиве многу се зборуваше за спектакуларно порамнување на планетите, како да е нешто многу важно и спектакуларно. А не е.

Доколку сте го пропуштиле, ништо не сте пропуштиле. Имено, најдобро видливите четири планети – Сатурн, Венера, Јупитер и Марс, ќе можете да ги видите повеќе од еден месец, кога Сатурн ќе се најде блиску до Сонцето и нема да биде видлив додека повторно не изгрее на исток по неколку месеци. Меркур е веќе толку блиску до Сонцето што добар дел од медиумите погрешно информираат дека можете да го видите, како и Нептун и Уран, за кои ви треба телескоп и тоа добар, бидејќи тие две планети се најоддалечени и затоа се најмали и тешко видливи, дури и преку добри телескопи.

На овие фотографии можете да видите колку се големи планетите, но оваа слика драстично се разликува од она што може да го видуте со голо око. Вакво искуство може да добиете единствено ако планетите ги набљудувате или фотографирате со помош на телескоп. Со голо око, само Венера и Јупитер се видливи како многу светли ѕвезди, додека Сатурн и Марс се гледаат како обични, просечни ѕвезди.

Скопското астрономско често поставува телескоп на плоштадот и таму можете да дознаете за сè што ве интересира за астрономијата и што најдобро се гледа во тој момент.

Поминете и погледнете низ телескоп, ќе ви се допадне.

Клучни зборови: