Емитер 2/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мисијата на НАСА, "Кеплер", обелодени нова категорија егзопланети, наречена категорија "Суперземји". Меѓутоа, тоа на теоретичарите им причинува главоболка, бидејќи тие егзопланети орбитираат преблиску до својата матичната ѕвезда, т.е. во простор каде што според стандардниот модел за формирање планетски системи, тие не би можеле да бидат формирани!?
Да се потсетиме, мисијата на НАСА, "Кеплер", е наменета да открива "карпести" егзопланети слични на Земјата. Всушност се работи за лабораториска сонда, лансирана во месец март 2009 год. во орбитата околу Сонцето, зад орбитата на Земјата. Таквата орбита на сондата и дава способност таа да може да "гледа" неограничено време во одреден сектор на небескиот свод и така полесно да открива егзопланети врз принципот на т.н. "транзитна метода", всушност, мерење на придушувањето на сјајот од некоја ѕвезда, кога пред неа "транзитира" (поминува) некоја нејзина егзопланета (ЕМИТЕР бр. 7-8/03: "Нова метода за откривање далечни екстрасоларни планети"). Сондата е опремена со најсофистицирани, CCD (Charge Coupled Device) детектори, поставени надвор од фокусот на нејзиниот телескоп, што и овозможува да забележи варијации во светлинскиот сјај од 10 милионити дел од вкупниот сјај на некоја ѕвезда, и тоа истовремено кај 100 илјади ѕвезди!
На конференцијата на НАСА, одржана последната недела од декември 2011 год., научниците објавиле дека сондата Кеплер идентификувала вкупно 2326 кандидати за "карпести" егзопланети, што е речиси двојно поголем "улов" во однос на "уловот" објавен во февруари истата година.
Наведениот голем “улов“ на кандидати за “карпести“ егзопланети не е изненадување за набљудувачите и теоретичарите, со оглед на високите истражувачки можности на сондата Кеплер, меѓутоа тоа што нив ги изненади е откритието на една нова категорија “карпести“ планети со просечна маса некаде на средина меѓу масата на Земјата и масата на планетата Нептун, па ја нарекоа категорија на “Суперземји“. Изненадувањето е во тоа што сите тие планети од наведениот тип орбитираат околу својата матична ѕвезда во премногу тесна орбита, односно во простор каде што, според стандардниот модел за формирање на планетските системи, воопшто не би можеле да бидат формирани!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.