Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Првата, најстара верзија на звучникот Ei "HSR 140" беше подобра од подоцнежните верзии, но дали и кај неа има место за подобрување? Се разбира дека има, со минимална модификација на свртницата. Подобрувањето не е толку спектакуларно, но сепак е добредојдено.
Во мое време правеа поквалитетно! Така велеше дедо ми, потоа татко ми, па на крај и мене ми дојде редот да го кажувам истото. Во мое време, првите и најстари "HSR 140" звучници беа најдобри – дебели, "мрсни" басови, неутрално и природно среднотонско подрачје, со само мала замерка за малку заматениот дел од високото подрачје. Четирите следни верзии (генерации) беа полоши, но барем три од нив може спектакуларно да се подобрат, како што покажав во претходните три броја од ЕМИТЕР. Карактеристичен за најстарата верзија е распоредот на звучниците на предната плоча – среднотонецот е поставен најгоре, па високотонецот се наоѓа помеѓу басот и среднотонецот. Високотонецот има правоаголна монтажна плочка и лесно се разликува од подоцнежниот Ei високотонец. Басот и среднотонецот наликуваат на подоцнежните Ei звучнички единици, но басот многу се разликува по своите Thiele-Small параметри, кои се погодни за затворена (компресиона) кутија. Среднотонецот е многу сличен со подоцнежните, но неговото куќиште не е затворено од задната страна, па затоа е монтиран во посебно дрвено кутивче. За дампирање е употребена табла сунѓер дебел 2 cm, превиткана на половина.
Повик до читателите на ЕМИТЕР:
Имате направено звучници, по свој или по нечиј друг нацрт? Дали сте сигурни дека сте го добиле очекуваното/посакуваното? Сакате да бидете сигурни какви се перформансите на вашиот звучник? Донесете ни ги на бесплатно мерење со професионалниот уред за аудиомерења CLIO. Исто така, ќе добиете бесплатни совети за евентуално подобрување на вашите звучници. Најдобрите проекти ќе бидат наградени со полугодишна претплата на ЕМИТЕР!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.