Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Звучници од нашите читатели – Ig or Ei
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Да ви раскажам една случка: без некои познавања од аудиотехниката, но со голема желба и многу елан, средношколец сака сам со свои раце да си направи звучници. По многу (или огромно многу) перипетии во дизајнирањето и изработката, ги вклучува готовите звучници на засилувач, и види чудо – свират! Бескрајна радост, па викање друштво да ги видат и чујат звучниците, па пуштање (пре)гласна музика, па пофалби, па правење важен... Позната ви е приказнава? Да, ваквите весели случки не се ретки, токму вака многумина ја засакале аудиотехника и сродните технички дисциплини, а на некои тоа им станало и професија. По истото сценарио, главниот јунак во овој авантуристички филм, нашиот читател Игор, ги поминал и ги доживеал сите фази од оваа позната приказна. По многу години уживање во добриот звук, тој ни ги донесе своите (нај)први звучници за да ги измериме со професионалниот уред за аудиомерења CLIO.

Повик до читателите на ЕМИТЕР:
Имате направено звучници, по свој или по нечиј друг нацрт? Дали сте сигурни дека сте го добиле очекуваното/посакуваното? Сакате да бидете сигурни какви се перформансите на вашиот звучник? Донесете ни ги на бесплатно мерење со професионалниот уред за аудиомерења ЦЛИО. Исто така, ќе добиете бесплатни совети за евентуално подобрување на вашите звучници. Најдобрите проекти ќе бидат наградени со полугодишна претплата на ЕМИТЕР!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.