Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Raspberry Pi претставува мини-компјутер со големина колку кредитна картичка кој може да го приклучите на вашиот телевизор и со дополнителни периферни уреди да добиете мал, но комплетно функционален компјутер. Во оваа статија ќе се потрудиме да ви објасниме како можете да си направите домашен медија плеер со ова мало компјутерче кое неодамна наполни една година.
Како што веќе пишувавме во ЕМИТЕР, Raspberry Pi претставува мини-компјутер со големина колку кредитна картичка кој може да го приклучите на вашиот телевизор и со дополнителни периферни уреди да добиете мал, но комплетно функционален компјутер. Срцето на целата конфигурација е чип произведен од Broadcom во кој е интегрирана ARM11 централна процесорска единица (CPU) која работи на 700MHz, како и графичка процесорска единица (GPU) која е способна да репродуцира видеосодржини во FullHD квалитет. Тука се запакувани и 512MB RAM кој се дели помеѓу оперативниот систем и графичката картичка.
Основен екран на Raspbmc
Ако досега не си го поставивте прашањето: "Па каде се инсталира овој оперативен систем?", еве, да сметаме дека дојдовме и до него. Тој се става на SDHC картичка која претставува замена за тврдите дискови што ги имаме кај другите компјутери. Значи, и тој дел успеале да го "зипуваат" со цел да се добие што помал компјутер. Но самиот процесор, графичката единица, меморија, "тврдиот диск" и оперативниот систем не би можеле да направат нешто многу без другите уреди, кои исто така се спакувани во овој мал простор. Токму во овој дел се разликуваат двете верзии од овој мал компјутер – Модел А и Модел Б (едноставно нели). Моделот Б има повеќе RAM меморија (512 MB) од моделот А (256 MB) и исто така содржи и мрежен приклучок кој го нема на моделот А.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.