Python е еден од најпопуларните јазици за програмирање во светот. Всушност, тој во моментов е најпопуларен од кога и да е. Python најнапред се искачи на третото место, за да дојде до второто место во последното рангирање на популарноста на програмски јазици, објавено од компанијата за аналитика RedMonk. Ова е првпат еден друг програмски јазик, покрај JavaScript, кој останува број еден, и покрај Јава, да се замеша во листата на двата прворангирани програмски јазици, откако RedMonk започна рангирањето на популарноста во 2012 година.
Моментот е уште позначаен ако се има предвид не толку мазниот премин кон третата верзија на Python од претходната, втора верзија, којашто девелоперите престанаа да ја поддржуваат оваа година.
RedMonk вообичаено не прави многу мали промени во ранг-листата, пишува коосновачот Стивен О'Грејди во извештајот, всушност многу ретко може да се види какво било движење во горниот дел од ранглистата којашто се состои од веќе добро етаблирани програмски јазици. JavaScript е примарниот начин ма којшто програмерите го покренуваат кодот во веб-апликациите, а исто така тој се повеќе се користи за други цели, почнувајќи од развој на мобилни и десктоп апликации, до создавањето софтвер за управување со беспилотни летала. Јава, од друга страна, е стандарден јазик за пишување апликации за Android и претставува главна основа за развој на корпоративниот софтвер.
Континурианиот успех на Python не беше предвлидлив. Долгата транзиција од Python 2 кон Python 3 би поколебала голем број програмери, но не и развојните инженери на “змијата”. Python 3 за првпат се појави во 2008 година, а првично тимот планираше да престане со поддрѓка за Python 2 во 2015 година. Ова ќе значеше дека нема да има дополнителни поправки на грешки и безбедносни ажурирања во програмскиот јазик од страна на официјалниот проект. Но, кога стана јасно дека на голем број од софтверските инженери ќе им треба повеќе време ажурирање на кодот од проектите во понова верзија, тие сепак го продолжија рокот до 2020 година.
За тоа време, програмерите можеа да одлучат дали сакаат да се префрлат на нов програмски јазик, како што се Rust на Mozilla, Go од Google или Котлин на JetBrains. Во меѓувреме, поновите програмери можеа да се решат помеѓу подлабоко навлегување во пошироко користениот JavaScript или, пак, да бидат затрупани со збунувачки упатства и нејасен избор на примероци од кодови и библиотеки со отворен код без да имаат јасна претстава кои од нив ќе функционираат со која верзија од Python. Но, ако Python изгуби на популарноста кај програмерите поради транзицијата, се чини дека сепак се здоби и со повеќе нови приврзаници.
Google, Dropbox и Instagram се потпираат многу на Python, слично како и безброј помали компании. Исто така, Пајтон си најде и приврзаници во академските кругови, па така, тој стана најпосакуваниот јазик за обработка на податоци на многу научници и математичари.
RedMonk ги рангира програмските јазици врз oснова на два критериуми: бројот на поставени прашања за секој јазик на сајтот за прашања и одговори StackOverflow, и бројот на проекти во секој од програмските јазици хостирани на сервисот GitHub во сопственост на Microsoft. Идејата е да се забележат трендовите во развојот на софтвер кај професионалците.
Во последниот извештај на RedMonk постоеше многу мало поместување во рангирањето на првите 20 јазици. Но, О'Грејди забележа ѕвезда во подем чијашто популарност полека но сигурно расте – се работи за Dart, програмски јазик развиен од Гугл, којто бележи скок за девет места во изминатите 18 месеци, од 33 на 24 позиција.
Dart е јазик за пишување софтвер што работи во веб-прелистувачите. Dart-кодот е преведен во JavaScript, кој е поддржан од практично сите модерни прелистувачи.
Инаку, од следниот број на ЕМИТЕР ќе може да го проследите серијалот со којшто ќе може да ги научите основите за програмирање во Python.