Рубрика: Информатика
Мора ли да биде Microsoft за да биде Office?
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Појавата на бесплатниот софтверски пакет за канцелариско работење, Open Office предизвика вистинска поплава од други, бесплатни алтернативни решенија на дотогаш неприкосновениот Office на Microsoft. Open Office веднаш се наметна како вистинска алтернатива, а сега и Kingsoft Office станува голема главоболка за Microsoft.

Kingsoft Office е еден од пакетите за канцелариско работење што жестоко атакуваат на позициите на Microsfot Office, кој години наназад беше неприкосновен. За среќа на дружината од Redmond, не секој атак се покажа успешен, но сепак неколку од нив се покажаа како тврд орев, доволно тврд за да предизвика главоболка. Затоа, и со право ќе се запрашаме – зошто сè уште велиме алтернатива?
Долгогодишна навика, најверојатно. И немање пандан, како второ. Open Office ги разбуричка страстите, помалите апетити во поглед на ресурсите и еднаквата брзина (честопати и поголема) од противничкиот табор и, што е најбитно – цената од НУЛА долари/денари го наметна како уште едно решение за сите што имаат потреба од канцелариски пакет. Сега, со појавата на цел спектар сродни пакети, јасно е дека не можеме да говориме за алтернатива, туку за избор.
Секако, одредени субјекти и личности нема да се сложат со оваа констатација. Во тој случај, ајде заеднички накусо да погледнеме што ни нуди Kingsoft Office, па да донесеме заклучок, во ред?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.