Емитер 11-12/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Научната мисија на ЕСА, Розета (Rosetta), наменета за проучување на кометите, вклучува спуштање роботизиран лендер на површината на кометата 67P/C-G. За таа цел беше лансирано вселенското летало Розета, кое го транспортираше лендерот до кометата. На пат до кометата, леталото Розета маневрираше низ Сончевиот систем вкупно 10 години за да ја достигне нужната брзина за досег до кометата, потоа да влезе во орбитата околу неа, и во даден момент да го истовари лендерот на нејзината површина. Лендерот слета на површината на кометата на 12 ноември 2014 год., и од таму веќе испраќа податоци.
Да се потсетиме, кометите се “гласници” од далечниот студен простор, регион познат под името Ортов облак. Најголемиот дел од времето тие го поминуваат како невидливи објекти, далеку во надворешноста на Сончевиот систем, но еден мал дел од нив има многу издолжена орбита како последица од гравитациското дејство од други небески тела, па поради тоа тие комети скршнуваат од својата орбита и влегуваат во внатрешноста на Сончевиот систем, и тогаш се видливи и со голо око како “ѕвезди со опашка”. Меѓутоа, има и комети коишто не излегуваат надвор од Сончевиот систем, па со оглед на нивната куса периода на орбитирање, тие се погодна цел за следење и проучување на нивната природа. Една таква комета е токму 67P/ Chiryumov- Gerasimenko (покусо 67P/C-G), таа го носи името на двајцата астрономи коишто ја откриле во 1969 год. Како погодна за проучување, кометата 67P/C-G беше номинирана како цел на мисијата “Розета” (Rosetta) планирана од ESA. Реализацијата на мисијата започна на 2 март 2004 год. со лансирање на вселенско летало, наречено исто така Розета, кое со себе го носеше лендерот “Филе” (Philae). “Филе” е роботизирана сонда тешка 100 kg, со димензии колку машина за перење алишта, наменета да се спушти на површината на кометата, и оттаму да извршува прецизни истражувања, а податоците да ги испраќа на Земјата. На леталото Розета му беа пот-ребни дури 10 год. да се забрза до нужната брзина и да може да се постави на соодветна траекторија, која овозможува блиска средба со кометата 67P/C-G. Да го проследиме досегашниот тек на мисијата Розета и спуштањето на лендерот, како и првите резултати од оваа мисија.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.