Рубрика: Астрономија и астронаутика
Објавени резултатите од анализа на податоците од вселенската мисија Rosetta
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во рамките на вселенската мисија на ЕСА, Розета, за истражување на природата на кометите, минатата година беше реализиран единствен научен подвиг: истовар на роботизиран лендер на површината од кометата 67P/Chiryumov-Gerasimenko. Мисијата обезбеди “море” драгоцени податоци за природата на кометата. Сите тие податоци беа предмет на исцрпна научна анализа, и еве, деновиве се објавени резултатите од неа. Па да ги проследиме!

Опширен материјал за текот на вселенската мисија на ЕСА, Розета, за истражување комети, можете да најдете во ЕМИТЕР 11-12/2014: “Лендерот Филе се спушти на кометата 65P/C-G", па овде нема да се повторуваме. Лендерот Филе, сега веќе не е активен, но сондата Розета и натаму активно ја следи кометата на нејзиниот пат околу Сонцето орбитирајќи околу неа. Според досега испратените “море” фотографии и податоци за природата и изгледот на површината на кометата, таа стана најистражувана комета во историјата на Сончевиот систем. Сите добиени податоци беа подложни на исцрпна научна анализа од страна на истражувачкиот тим, и еве деновиве стасаа и резултатите од таа анализа. Како почеток, во месец декември 2014 беа презентирани голем број фотографии од кометата на состанокот на Американското здружение за геофизика (American Geophysical Union), а потоа, на 22 јануари 2015, во научното списание Science (Наука) беа целосно објавени резултатите од анализата. Па, ќе ги проследиме!

Клучни зборови:

Површината на кометата се покажува со различна структура во различни региони.

Енигмата на средишниот дел: апсорбира најмало количество енергија од Сонцето, а е најактивен извор на струења на гас и прашина.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.