Електроника

Со вградување во повеќе од 500 милиони видеоконзоли и во 65 000 играчки автомати, Понг е првата видеоигра којашто достигна општа популарност. Иако таа за прв пат се појавува со првата комерцијално успешна аркадна машина со видео игри проектирана од Атари во 1972, тоа е всушност играта ТВ-тенис на Ралф Баер – таткото на видеоигрите. Затоа, изработете ја оваа минијатурна видеоконзола и играјте ја ретро играта на сите времиња: Понг.


Омнибус

Следејќи ги достигнувањата во областа на науката, неколку американски научни списанија објавиа ранг-листи на научни остварувања и откритија, кои биле топ-теми во 2014 год.. Од сите нив, нашиот редакциски колегиум одбра повеќе топ-теми, научни откритија и достигнувања. коишто, според нас ја одбележаа минатата година на научно поле. Еве го нашиот избор...


Електроника

Овој дигитален фреквенцметар овозможува мерење на фреквенција до 1MHz и временски интервали од 0,1s до 30h. Мерниот опсег се бира автоматски или рачно, а може да се одбере и еден од трите алгоритми за пресметување на резултатот. Во кој било момент на мерењето, можен е преглед на последните 16 резултати.


Информатика

Заокружувањето на годината која е зад нас не може да биде целосно без да се доделуваат награди на производите кои ја обележаа годината што измина. Тука е наградата и за најголемо промашување… сепак, мораме да бидеме објективни, се допаѓало тоа некому или не. Традиционално, наградите ги доделуваме по категории, а самите категории ги одредуваме според актуелните трендови.


Столарство

Изработка на електрична гитара во три продолженија. Ќе биде објаснет целиот процес: од набавка на материјали преку, чекорите на изработка, па сè до фино нагодување и одржување на гитарата. Намерата на написот е да се даде опис на уметноста и да се спои убавото со практичното. Во овој текст ќе биде опишан процесот на изработка на телото на гитарата.


Астрономија и астронаутика

Мисиите “Кеплер” и “Curiosity" покажаа дека Земјата не е единствена планета со услови за живот во нашата галаксија, а не е ниту во Сончевиот систем, па одсега курсот на истражувачките мисии ќе биде пренасочен кон откривање вонземен живот. Во таа насока, Американската вселенска агенција НАСА зацртала интересни планови за наредните мисии, коишто можеби конечно ќе дадат одговор на прашањето поставувано со векови: “Дали Земјата е единствената планета на која постои живот?”


Електроника

Транзисторите и интегрираните кола речиси комплетно ги потиснаа електронските ламби. Но, тие сè уште опстојуваат за некои специфични намени. Од друга страна електронските ламби одамна не се изучуваат во техничките училишта и факултети, па помладите генерации не се доволно запознаени со нив. Токму затоа, во овој напис ќе се потрудиме, на едноставен и популарен начин, да ви го приближиме светот на електронските ламби.


Колумна

Во времето на мојата младост (мноогу одамна...), во времето на нашата тогашна држава СФРЈ, киосците не беа преполни, како денес, со различни весници и списанија, но сепак имаше неколку југословенски месечни списанија со одличен квалитет и како створени токму за моите интереси. Во тие времиња немаше интернет (не беше измислен!) и единствен извор на информации беа списанијата. Сега имаме сè, но некако ми се чини дека денес младите читаат многу помалку, особено научно-популарни списанија.


Информатика

Во ова продолжение ќе дознаете како со помош на формите во PHP може да се креира динамичка интернет-страница во која ќе има контакт-форма, каде што се внесува име и електронска пошта. Исто така ќе дознаете како да се користат базите на податоци креирани во MySQL.


Информатика

Во овој напис ќе се осврнеме на најчестите грешки што ние, програмерите ги правиме несвесно во текот на програмирањето, што подоцна резултираат со главоболки и многу изгубено време. Ќе се задржиме најмногу на оние грешки што најчесто се прават од невнимание, недоволно знаење за внатрешните механизми на JVM, како и за грешките коишто се најтешки за забележување и отстранување.


Металство и машинство

Речиси сите автори процесот на конструирањето го делат на фази (етапи, работни чекори). Сличност постои и кај редоследот на одделните фази, а тие, пак, имаат многу заеднички содржини. Бројот на фазите кај одделните методи е различен, но кај сите нив, одделните фази произлегуваат или се надоврзуваат една на друга.


Автомобилска техника

Зошто потребата од трансмисија кај автомобилите (и речиси кај сите машини со сопствен погон) е темата на овој напис? Ќе се обидам да ја расветлам оваа алка од погонскиот систем кај автомобилите. Заклучоците се универзални и се однесуваат секаде во машинството кај што се користи погон од мотор, а машината извршува некоја корисна улога како што автомобилот врши превоз, а машината совладува некои корисни технолошки отпори.


На граница на науката

Од почетокот на овој милениум се зборува и се пишува за генерација на посебни деца, наречени “милениумски’’, или “индиго деца”. Од движењето Њу Ејџ веруваат дека овие деца се претставници на повисока духовна состојба на човечката еволуција, не само во поглед на нивната натпросечна интелигенција, туку во нивното севкупно влијание на околината за постигнување хармонија и духовна рамнотежа.


Астрономија и астронаутика

Во рамките на вселенската мисија на ЕСА, Розета, за истражување на природата на кометите, минатата година беше реализиран единствен научен подвиг: истовар на роботизиран лендер на површината од кометата 67P/Chiryumov-Gerasimenko. Мисијата обезбеди “море” драгоцени податоци за природата на кометата. Сите тие податоци беа предмет на исцрпна научна анализа, и еве, деновиве се објавени резултатите од неа. Па да ги проследиме!


Аудио и видеотехника

И исто како во La Bohème – песната на Шарл Азнавур, ви зборувам за едно време кое помладите од 30-40 години не би можеле да го познаваат. Едно непоимливо време, кога сè уште не беа родени видеоконзолите, а на ретките играчки автомати им беше местото само по панаѓури или во некои кафулиња, заедно со тогаш популарните флипери и џубокси… Дома? Дома само побогатите имаа телевизор, а на телевизорот неколку часа ТВ-програма дневно!


Телекомуникации

Сè уште раните од поплавата не биле залечени, а уште поголема трагедија го погодува Скопје – катастрофален земјотрес. За време на земјотресот, на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, тешко е оштетена зградата на радиото. Во тие судбоносни моменти, Радио Скопје одигрува клучна улога и повторно почнува речиси од ништо. Но во годините што следат ќе се случи интензивен развој во сите погледи - просторни, кадровски, технички и програмски.


Електроника

Мерењето на исправноста на тиристорите и тријаците секогаш претставувало проблем за сервисерите. Со овој минијатурен уред, оваа комплексна операција прераснува во детска игра!


Биологија

Сите луѓе со сини очи имаат заеднички предок – велат истражувачите од еден дански научен тим. Интересно е и тоа што научниците од тимот најнапред мислеле дека заедничкиот предок е само во Европа и биле изненадени кога виделе дека тој е речиси ист насекаде, во сите делови од светот. Интересно е и тоа што во Европа има 20 до 40 % светлооки луѓе, а во другите делови тој процент е многу помал. Чудно е и тоа што пред 10 000 години сите луѓе имале кафени очи.


Информатика

Компјутерската форензика е дисциплина која има за цел да собере, сочува и да презентира докази кои се добиени од некои медиуми за чување податоци (хард диск, CD ROM, DVD ROM , дискета, УСБ-стик и слично). Комбинирајќи елементи од правната наука и компјутерската наука, собира и анализира податоци кои понатаму се користат како докази на суд.


Информатика

Драстични резови во деловните политики на поединци, бизнис симбиози на други, константна доработка и подобрување на веќе докажаните производи и технологии, со акцент на поголемата употребливост и практичност и истовремено подредување на суровите перформанси… Сумирајќи ја 2014-та година во целост, сам ни се наметна заклучокот дека тоа беше година на созревање. Нешто што недостасуваше многу години наназад!


Електроника

Во ова продолжение ќе биде презентирано како се прават корекции на брановите форми и како може да се направи регулација на фреквенцијата и на односот сигнал-пауза кај астабилните мултивибратори со транзистори.


Омнибус

Да ги поврземе културите преку образованието, беше мотото на едукативниот самит којшто се одржа во Истанбул од 1 до 3 декември минатата година. Акцент беше ставен на новитетите во образованието што ги носи Интел преку имплементирање на технологијата во него како и на насоката во којашто треба да се развива самиот едукативен процес за да ги подготви учениците полесно да се соочат со предизвиците на иднината.


Макетарство и моделарство

Во организација на Организацискиот одбор на македонските натпревари од Светскиот куп во воздухопловно моделарство, на 10.1.2015 година се одржа свечена седница за доделување на признанија и скромно дружење. Во кругот на добитниците на златна плакета се најде и списанието “Емитер” како резултат на повеќегодишна соработка, следење на овие натпревари и објавување на информации со цел за популаризација на моделарството во Македонија.


Омнибус

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Токму за настани и личности од минатото кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелните научни и технички благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелните месеци, а изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Еурека

Овој напис дава опис на иновацијата којашто се однесува на биолошкиот филтер за нитрати. Дадени се теоретски објаснувања, постигнатите лабораториски резултати и решение за индустриска примена на филтерот.


Омнибус

Мерцедес развива платформа за електрични автомобили; Cambridge Audio Azur 851N; Мапа на магнетното поле на нашата галаксија; Нов опелов дизелски мотор; Македонија организатор на 12.


Писма
AC/AC step-down конвертор од 230V на 120V со излезна фреквенција од 60Hz
Прилог кон полемиката “Смарагдна плоча” (ЕМИТЕР 11/12 - 2014)
Откривање на неисправна свеќичка