Рубрика: Телекомуникации
70 години Македонско радио (2)
Автор: Димац Митковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сè уште раните од поплавата не биле залечени, а уште поголема трагедија го погодува Скопје – катастрофален земјотрес. За време на земјотресот, на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, тешко е оштетена зградата на радиото. Во тие судбоносни моменти, Радио Скопје одигрува клучна улога и повторно почнува речиси од ништо. Но во годините што следат ќе се случи интензивен развој во сите погледи - просторни, кадровски, технички и програмски. Ова второ продолжение од нашиот мини фељтон го опфаќа тој период - од земјотресот до 1980-тите години.

Програмите на Радио Скопје сè до 1962 година бележеле видлив подем. Но, 1962 и 1963 се години кои што се паметат по две големи природни катастрофи што го погодиле главниот град Скопје, а со тоа и радиото. Најпрво, зградата на радиото била во делот каде што надојдената вода од поплавата била релативно најдлабока и успеала да навлезе во визбените простории, каде што бил сместен богатиот фонд на плочи и магнетни ленти, потоа магацинот со резервните делови за студиската и предавателната техника и многубројните програмски архивски материјали и податоци. Малубројните што се нашле во зградата во тие часови и оние што некако успеале да пристигнат, со натчовечки напори, додавајќи од рака на рака, го сместиле на сигурно место сето она што успеало да се спаси. Радиото не емитувало програма повеќе од два дена, а од фонотеката било можно да се користат само од сувите или просушените ленти и плочи.

Клучни зборови:

Димац Митковски, тогашен раководител на Одделението за емитување на програма, со тон-мајсторот Славна Ташевска

Опремата во репортажното возило на радиото

Репортажно возило на Радио Скопје набавено 1974 г.

Теренски магнетофон Nagra

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.