Рубрика: Телекомуникации
70 години Македонско радио (3)
Автор: Димац Митковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денот Д за префрлување на сигналите од Новиот радио-телевизиски дом беше 27 септември 1986 година, во 22 часот. И покрај сите направени подготовки, секогаш се поставуваше прашањето дали ќе се појават некои непредвидени технички проблеми и колкав ќе биде прекинот на програмата. На општо задоволство, прекинот на програмата беше само неколку секунди. Тоа беше факт што сите нас кои во тие моменти учествувавме во потфатот нè направи особено горди.

Во првата фаза на изградбата  од новиот РТВ дом беше и објектот на радио музичкиот блок (РМС) кој содржи 5 музички студија, режии,ехо-простории,сала за преслушување,машинска хала,работни и други придружни простории со вкупна површина од 8.740 квадратни метри. На крајот на 1978 година овој дел беше завршен и ставен на користење на Радио-телевизија Скопје.

Интересно е да се напомене дека осмислувањето на градбата на режиите и студијата  и проектот за нивната акустика е дело на наши инжинерски кадри.Во прв ред на инжинерот - акустичар Крсто Ристевски кој бил во оваа средина од нејзиното формирање и архитектите Трајко Трајковски и Вангел Божиновски. Овие студија се градени како ,,коцка во коцка” со посебни системи за амортизација така што ги задоволуваат високите норми за квалитетна акустичка изолација од надворешна бучава,како и нормите од висококвалитетна просторна акустика. Поради вградување на специјален изолационен материјал ваквата градба е дури 10 пати поскапа од обичната станбена градба.Инаку акустиката и самите студија се навистина гордост за куќата и се пофалени од сите стручни лица кои ги посетиле овие простории.

Тон – мајсторот Анастас Панајотов – Таше и продуцентот Мате Грујовски на снимање со новите миксети MCI

Освен извонредните просторни услови беше неопходна и набавка на најсовремена техника за музички снимања. За таа цел формирано е Одделение за развој и распишан е меѓународен оглас за набавка на нова опрема. Група на инженери изврши повеќе посети на саеми, други радио центри и производители на опрема со цел да се запознае со најновите технологии во тој момент. Во овој проект најмногу беа вклучени Петар Лагудин, Љубе Георгиевски, Александар Ефнушев и Јордан Петровски како тогашен раководител на Секторот за студиска техника. Одлуката да се избере понудата за техничка опрема од тогаш младата американска компанија MCI понатаму ќе се покаже дека е визионерски и иднината ја потврди правилноста на решението – MCI стана врвна светска компанија за производство на опрема за музичка продукција. После монтирањето на целокупната техника и пуштањето во работа, овие музички студија беа магнет за многу музички групи и вокални солисти кои сакаа да  продуцираат музика токму во нив.

Клучни зборови:

Снимање во студиото за класична музика М1

Тон – мајсторот Анастас Панајотов – Таше и продуцентот Мате Грујовски на снимање со новите миксети MCI

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.