Рубрика: Телекомуникации
Почетоците на радиото на поранешните југословенски простори (1): Радио Белград
Автор: Димац Митковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-6/2021.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радиостаници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радиотехнологијата во Европа и во светот пошироко.

 

Радио Белград – Раковица

Претходникот на Радио Белград, Радио Белград – Раковица започнал со емитување програма како дел на радио­телеграфска станица. Уште во 1922 го­дина Министерството за пошта и теле­граф склучило договор со француската компанија за безжична телеграфија TSF за изградба на нова радиотелеграфска станица. За таа цел, Министерството купило 23 хектари земја во Раковица, близу Белград. На таа површина била изградена и приземна зграда, наменски планирана за радиостаница (ноември 1923). Радиостаницата во Раковица би­ла прва емисиона станица на Бал­канот.

Радио Белград – Раковица, 1 октомври 1924 година

Во октомври 1924 година, на радиотеле­граф­ската станица Белград – Раковица, која била во сопственост на францус­ката компанија TSF, и било дозволено да инсталира радиостаница и со „радиоте­леграфски – радиотелефонски апарат”, да емитува радиопрограма трипати не­дел­но, по еден час. Програмата требало да содржи вести, берзански и метеоро­лошки извештаи, преноси од концерти.

На 1 октомври 1924 (на истиот ден како и Радио Виена), официјално се ог­ла­сил Радио Белград со гласот на спи­кер­ката Јелена Билбија: „Ало, ало, овде Радио Белград на бранова должина од 455 метри. Ги молиме сите што нè слу­шаат да нè известат за начинот на при­ем­от, јачината на гласот и моду­ла­цијата”.

Јелена Билбија – првата спикерка на Радио Белград и Иван Ковачевиќ (1929 година)

Секој вторник, четврток и сабота од 18.45 до 19.45 часот биле пренесувани концерти, најновите вести подготвувани од новинарите на весниците „Политика” и „Дневни новости”, Белградската берза ги обезбедувала актуелните берзански извештаи, а дирекцијата на Белград­ската опера ја подготвувала музичката програ­ма. Според српските извори, ток­му оваа редовна програма на Радио Белград била првата формирана радио­станица на Бал­канот, пред многу европ­ски метрополи. Програмата можела да се следи преку ден во целото Кралство, а ноќе и во околните земји. Во првите денови, радио можеле да слушаат сопс­твениците на 61 регистриран приемник во градот. За оваа новост да биде дос­тапна за колку што е можно повеќе слу­шатели, во неколку кафеани во градот биле поставени прием­ници, а тие биле преполни за време на емитувањето на радиопрограмата.

Вака започнал Радио Белград, а како течел развојот прочитајте во текстот што следува...

Клучни зборови:
Јелена Билбија – првата спикерка на Радио Белград и Иван Ковачевиќ (1929 година)

Јелена Билбија – првата спикерка на Радио Белград и Иван Ковачевиќ (1929 година)

Радио Белград – Раковица, 1 октомври 1924 година

Радио Белград – Раковица, 1 октомври 1924 година

Занаетчискиот дом на Хилендарска улица од каде Радио Белград ја емитува својата програма од средината на педесеттите години од минатиот век

Занаетчискиот дом на Хилендарска улица од каде Радио Белград ја емитува својата програма од средината на педесеттите години од минатиот век

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.