Рубрика: Телекомуникации
Технички правила во радиодифузијата (1): Технички правила за студијата
Автор: Дарко Мајстороски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој и во наредните два броја на вашето омилено списание Емитер, ќе ги разгледаме и објасниме техничките правила и критериуми кои се однесуваат на радиодифузијата, а се важечки во нашата земја. За почеток ќе ги разгледаме правилата што важат за студијата, а во наредните два броја правилата што се однесуваат на предавателниот дел: за радијата и за телевизиите, посебно. И самите можеби понекогаш сте забележале и сте се запрашале: Зошто нашите радио и ТВ-станици немаат звук и слика со таков квалитет како што тоа го имаат некои странски програми? Зошто нивото на тонот кај различни програми е со различна јачина (различно ниво)? Во овој мини-серијал ќе ви дадеме одговор и на овие прашања.

Техничките правила со коишто поблиску се одредуваат стандардите и условите што треба да ги исполнуваат радио и телевизиските станици за добивање дозвола за вршење на радиодифузната дејност се уредени со "ПРАВИЛНИК за основните технички услови, стандарди и параметри за студискиот дел на радиодифузерите". Овој Правилник е донесен од страна на Советот за радиодифузија во декември 2006 година, а главни "виновници" за неговото изработување се авторот на овој текст и аудиогуруто Владимир Филевски. Со правилникот се пропишуваат основните технички услови што треба да ги обезбедат радиодифузерите, во поглед на работните простории и на уредите/форматите со кои се продуцираат радио и телевизиските програмски сервиси. Поделен е на три основни дела, од кои првиот се однесува на општите услови кои важат заеднички и за радијата и за телевизиите, додека останатите два дела се наменети конкретно за радијата, т.е. за телевизиите, соодветно.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.