Рубрика: Електроника
Електронски ламби за почетници (2)
Автор: Вангел Башевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Транзисторите и интегрираните кола речиси комплетно ги потиснаа електронските ламби. Но, тие сè уште опстојуваат за некои специфични намени. Од друга страна електронските ламби одамна не се изучуваат во техничките училишта и факултети, па помладите генерации не се доволно запознаени со нив. Токму затоа, во овој напис ќе се потрудиме, на едноставен и популарен начин, да ви го приближиме светот на електронските ламби. Во првиот дел ве запознавме со принципот на работа и типовите ламби, а сега ќе ја разгледаме нивната примена во гитарските засилувачи.

Доколку на некој помалку упатен човек му говориме за електронските ламби, односно цевки, најверојатно тој ќе нè погледне со чудење и ќе нè запраша зарем тие сè уште се произведуваат и се користат? Колку и тоа необично да звучи, одговорот е потврден. И покрај тоа што електронските ламби се во огромна мера потиснати од технолошката сцена од страна на полуспроводничката (solid state) технологија, тие сепак наоѓаат своја примена дури и ден-денес, во дваесет и првиот век. Значи, во денешната технологија има место како за цевката, така и за транзисторот, секој од нив во својата сфера на делување, со сите свои доблести и маани.

Гитарски засилувач со ламби Marshall

Гитарски засилувач Vox

Лампашки гитарски засилувач од Fender

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.