Рубрика: Електроника
Електронски ламби за почетници (1)
Автор: Вангел Башевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Транзисторите и интегрираните кола речиси комплетно ги потиснаа електронските ламби. Но, тие сè уште опстојуваат за некои специфични намени. Од друга страна електронските ламби одамна не се изучуваат во техничките училишта и факултети, па помладите генерации не се доволно запознаени со нив. Токму затоа, во овој напис ќе се потрудиме, на едноставен и популарен начин, да ви го приближиме светот на електронските ламби.

Електронски ламби или цевки се активни електронски компоненти, со минимум две електроди (катода и анода), кои служат за контролирање на електричната струја во вакуум затворен во куќиште (најчесто стаклено). Поради тоа, еден од називите за овие направи во англискиот јазик е vacuum tube (вакуумска цевка). Улогата на електронските ламби е да засилуваат, да ја претвораат наизменичната струја во еднонасочна итн. Нивната работа се заснова на т.н. Едисонов ефект и на термоелектричната емисија. Оттаму е и еден друг назив за овие направи во англискиот јазик: thermionic tube. Притоа, електродата наречена катода, под дејство на тоа загревање создава електрони и ги емитува, ги расфрлува во вакуумот. Постои и еден друг назив за овие ламби, кој на англиски гласи electron tube. Значи, катодата се однесува како емитер. Од друга страна, електродата наречена анода се однесува како колектор, собирач на електроните исфрлени од страна на катодата. Движењето на електроните низ вакуумот се случува под дејство на електростатичкото поле. Постои и називот valve, што во превод означува вентил или славина, да речеме. Од каде тој е произлезен, ќе објасниме во следниот дел на овој текст, каде што подетално ќе објасниме што се случува во една електронска ламба.

Шематски симболи за електронски ламби

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.