Рубрика: Макетарство и моделарство
Mоделарски награди од “Фил-Феникс”
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во организација на Организацискиот одбор на македонските натпревари од Светскиот куп во воздухопловно моделарство, на 10.1.2015 година се одржа свечена седница за доделување на признанија и скромно дружење. Во кругот на добитниците на златна плакета се најде и списанието “Емитер” како резултат на повеќегодишна соработка, следење на овие натпревари и објавување на информации со цел за популаризација на моделарството во Македонија.

Поканата да присуствувам на свечената седница, со радост ја примив, особено дека ке бидам еден од добитниците на благодарница но уште повеке се израдував од сознанието дека списанието чиј доспиник сум и јас е добитник на златна плакета. Средбата се одржа во градската библиотека “Борка Талевски”, Прилеп, во присуство на голем број присутни, градоначалникот на град Прилеп, господин Марјан Ристевски, гости, но и претс-тавници на општествени и работни организации кои дадоа огромен придонес, сите волонтери за одржувањето на Светскиот куп во воздухопловно моделарство.

Заедничка фотографија на дел од наградените и организаторите на собранието

Организаторите на Свечената седница, Диме Велковски - лево и Здравко Тодоровски - десно

Поздравен говор на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристовски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.