Рубрика: Астрономија и астронаутика
9 милијарди планети со услови за живот во нашата галаксија (4): Планови за детекција на вонземен живот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мисиите “Кеплер” и “Curiosity" покажаа дека Земјата не е единствена планета со услови за живот во нашата галаксија, а не е ниту во Сончевиот систем, па одсега курсот на истражувачките мисии ќе биде пренасочен кон откривање вонземен живот. Во таа насока, Американската вселенска агенција НАСА зацртала интересни планови за наредните мисии, коишто можеби конечно ќе дадат одговор на прашањето поставувано со векови: “Дали Земјата е единствената планета на која постои живот?”

Како што видовме во претходните написи од оваа серија, Земјата не е осамена планета со услови за живот ниту во нашата галаксија, а ниту во Сончевиот систем, имено, во нашата галаксија постојат 9 милијарди ѕвезди од типот на нашето Сонце, кои имаат планета од типот “егзо-Земја”, а во Сончевиот систем планетата Марс пред 3,5 милијарди год. била втората планета со услови за живот. Но, едно е можност, а друго е реалност, па сега следниот чекор на истражувачите е да се открие живот на некоја “егзо-Земја”, или да се открие дали тој постоел некогаш во минатото, на некоја друга локација во Сончевиот систем, освен на Земјата. Во таа насока истражувачите зацртаа интересни планови за нови, досега најамбициозни мисии, способни за реализација на таа цел, а на инженерите им остана задача да развијат нови техно-логии, кои ќе овозможат реализација на тие мисии. Дејвид Ваниман (David Vaniman), член на Планетарниот научен институт, Лос Аламос, САД, ни дава објаснување на методата на која ќе се засноваат тие наредни мисии. “Од изобилството други 'егзо-Земји', коишто ние ги извлековме од податоците на орбитерот Кеплер, следната етапа е јасна: ние мораме на 'егзо-Земјите' да го студираме составот на атмосферата во детали и во неа да бараме присуство на елементи коишто се сигнал за постоење биолошка активност, т.е. живот”, вели тој.

Клучни зборови:

Интерферометарски принцип со екстремно висока резолуција за детекција на егзоживот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.