Рубрика: Астрономија и астронаутика
Откриена првата егзопланета од типот "Земја"
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трагајќи по "двојник" на Земјата, досега астрономите откриле бројни мали егзопланети, но, сите тие се, сепак, во значајна мера димензиски поголеми од Земјата, па припаѓаат во категоријата т.н. "супер Земја". Меѓутоа, деновиве астрономите објавија дека орбитерот Кеплер детектирал прва егзопланета од типот "Земја", со големина речиси иста колку Земјата, и со орбита во т.н. "животна зона" околу нејзината матична ѕвезда. Според тоа, ова откритие претставува голем чекор напред кон реализација на актуелниот сон на научниците: откривање на "егзосвет", копија на овој нашиот на Земјата.

Со употреба на орбиталниот телескоп на НАСА, Кеплер, дизајниран за да детектира егзопланети од типот на нашата Земја врз т.н. принцип на “транзитна метода” (поопширно во ЕМИТЕР 1/10: “Потрага по екстрасоларна Зејмја”), астрономите конечно откриле прва егзопланета којашто припаѓа кон типот “Земја”. Имено, според нејзините димензии таа е речиси колку Земјата, поточно, таа е само малку поголема од неа, сè на сè помалку од 10%, и орбитира околу својата матична ѕвезда во т.н. “животна зона”, т.е. подрачје на оптимална оддалеченост од ѕвездата, во кое водата на нејзината површина може да се одржува во течна состојба, всушност, првиот услов за поддржување живот. Според тоа, таа го презеде статусот “најмногу слична егзопланета со Земјата” помеѓу сите досега откриени егзопланети.

Клучни зборови:

Компарација помеѓу димензиите на егзопланета Кеплер-186f и на Земјата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.