Емитер 4-6/2017.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во настојувањето на астрофизичарите да најдат алтернативно решение за најслабата алка во актуелниот модел за еволуцијата на универзумот – неговиот почеток од “сингуларитет” – во најново време, двајца автори предложиле радикално ново решение, кое го исклучува постоењето на сингуларитетот, односно Биг-Бенгот.
Називот “Биг-Бенг” за моментот на раѓањето на универзумот го измислил астрофизичарот Фред Хојл (Fred Hoyle), со цел да му се потсмевне на актуелниот модел на универзумот, конституиран според Ајнштајновата теорија за релативитетот, според која тој започнал од т.н. “сингуларитет”, точка со бесконечно голема густина на материјата. Имено, Хојл сметал дека универзумот наликува на река којашто тече непрестајно без дефиниран почеток. Дека почетокот на универзумот од сингуларитет претставува најслаба алка во неговата еволуција, во тоа нема сомнеж, па за да се одбегне тоа, предложени се повеќе различни идеи од повеќе автори. ЕМИТЕР ги следеше сите тие идеи, па нив можете да ги најдете во броевите на ЕМИТЕР наведени во рамката од овој напис. Кон сите тие предложени модели, деновиве се придружи најнов модел на универзум без сингуларитет, односно без Биг-Бенг, идеја многу слична на онаа, каква што ја замислувал Фред Хојл; универзум без почеток и без крај. Но, за да ја разбереме поентата на оваа најнова идеја, неопходно е да појдеме од концептот на актуелната теорија за еволуцијата на универзумот!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.