Емитер 6-7/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мистеријата наречена “аномалија на прелетот” (flyby anomaly), која се покажува како варијации во брзината на вселенските летала кога тие го користат феноменот наречен “гравитациска прачка”, за зголемување на нивната брзина, што вообичаено се применува кај леталата со досег до далечни дестинации (Јупитер, Сатурн, Плутон...), ги збунува научниците со децении. Но, во најново време вселенските агенции НАСА и ЕСА се ангажирале да ја истражат оваа аномалија, а можноста за тоа им ја отвори вселенското летало “Џуно”, кое користејќи го ефектот “гравитациска прачка” на пат кон Јупитер, неодамна направи прелет покрај Земјата, и притоа испрати екстремно прецизни податоци кои на научниците ќе им помогнат во обидот да ја одгатнат мистеријата.
За зголемување на брзината на вселенските летала наменети за досег до далечните дестинации во Сончевиот систем (Јупитер, Сатурн...), редовно се применува ефектот наречен “гравитациска прачка” (gravitational slingshot). Постапката се состои во тоа, вселенското летало да прелета близу некоја планета (Земјата, Венера) под соодветен прецизно пресметан агол, па така привлечната гравитациска сила од планетата да се искористи за зголемување на брзината на леталото. На тој начин се заштедува на количеството гориво и на масата на леталото. Честопати овој ефект се користи 2, дури и 3 пати на исто летало, што мисијата ја прави најекономична, но, за сметка на значајно подолгото времетраење на патувањето на леталото. Меѓутоа, при користење на овој ефект за зголемување на брзината, научниците кај различни мисии констатирале необјасниви варијации во зголемувањето на брзината во однос со пресметките, и таа појава ја нарекле “аномалија на прелетот” (flyby anomaly). Причината за таа аномалија нив ги збунува со децении, а во најново време вселенските агенции НАСА и ЕСА се ангажирале да ја истражат оваа појава, и евентуално да ја одгатнат нејзината причина. Можноста за тоа им ја отвори вселенското летало на НАСА, “Џуно” (Juno), наменето за мисија околу Јупитер, кое користејќи го ефектот “гравитациска прачка” за зголемување на брзината, прелета близу Земјата на 9.10. 2013 год. Податоците коишто леталото ги испрати притоа, беа евидентирани од две стационарни опсерватории на ЕСА за следење на вселенски летала – едната е во Аргентина, другата во Австралија. Сега се во тек анализите на податоците, па на резултатот ќе почекаме!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.