Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мерцедес развива платформа за електрични автомобили; Cambridge Audio Azur 851N; Мапа на магнетното поле на нашата галаксија; Нов опелов дизелски мотор; Македонија организатор на 12. Светско првенство во брзо телеграфирање; Нов систем на Волво за заштита на велосипедистите; “Рено” со фабрика во Алжир; Вообичаена состојка во пекарските производи се добива од коса; Квантна телепортација; Хеликоидна модулација на ласерски зрак со ултразвук; Награди од конкурсот “Претставете ги Вашите конструкторски вештини” - 3; Меркуровиот базен Caloris; Нови мали аголни брусилки од Бош

Cambridge Audio Azur 851n Порано беше едноставно, да не кажам – сиромашно, единствени извори на звук беа грамофоните, касетофоните (магнетофоните) и радијата. Денес за извори на звук имаме CD-репродуктори, DVD-репродуктори, лаптоп компјутери, PC-компјутери, таблет компјутери, падови, смартфони, MP3 репродуктори, bluetooth репродуктори и што ли уште не, а тука е и интернетот со неограничениот избор на радиски и ТВ-станици, аудио и видеоснимки на најпознати и најнепознати изведувачи, од памтивек до денес, зачувани, заслужено или не. Можете да избирате што и од каде ќе слушате... ако го имате вистинскиот уред што ќе ви го овозможи тоа. Таквите уреди се нарекуваат мрежни репродуктори (network players). Можат да бидат едноставни, соголени на само неколку можности од кои најважната е самостојниот пристап на интернет (не им е потребен компјутер), но можат да бидат и луксузно опремени со сè што постои на овој свет. Овој луксуз вообичаено е резервиран само за најквалитетните уреди од сериозните фирми, на пример, како што е Cambridge Audio Azur 851N. Со овој мрежен репродуктор англиската фирма Cambridge Audio ја заокружи својата понуда на најквалитетни уреди од серијата Azur 851. Cambridge Audio Azur 851N е тазе производ, претставен е овој месец на Consumer Electronics Show (CES 2015) во Лас Вегас – најголемиот саем на светот за аудио/видео уреди. Срцето на Azur 851N е 32-битниот Blackfin DSP процесор, задолжен за сите дигитални операции, меѓу кои и дигиталната контрола на јачината на звукот, која за разлика од едноставното испуштање бити, користи софистициран алгоритам кој не дозволува намалување на резолуцијата кога се намалува јачината на звукот. Тоа е комплетен дигитален предзасилувач на кој директно може да му се приклучи засилувач на моќност – на пример, одличниот Cambridge Audio Azur 851W. Круцијалната дигитално/аналогната конверзија му е доверена на Analog Devices AD 1995, двоен DAC во двојно диференцијална конфигурација, кој работи во максимално аудиофилска резолуција од 24 бита и 192 kHz. Поддржани се сите познати кодеци, како што се на пример WMA, MP3, AAC+, FLAC, ALAC, WAV. Преку трите USB-приклучоци можно е директно поврзување на HDD или мемориски стикови. Безжичното поврзување е преку UpnP, а Bluetooth е преку BT100 aptX приемник. На располагање се аналогни балансирани XLR и небалансирани RCA излези, потоа дигитални AES/EBU и Toslink излези, како и RS232 порт. Управувањето може да биде преку смартфон, преку Андроид апликации. Сите производи од Cambridge Audio можете да ги најдете кај ексклузивниот застапник за Македонија, Алфа Аудио (www.alfaaudio.com.mk), во нивниот продажен салон во стариот трговски центар Капиштец, тел. (02) 3209-320. Владимир Филевски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.