Емитер 1-2/2015.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мерењето на исправноста на тиристорите и тријаците секогаш претставувало проблем за сервисерите. Со овој минијатурен уред, оваа комплексна операција прераснува во детска игра!
Иако недоволно присутни во уредите за домаќинството, тиристорите и тријаците сè уште владеат во облата на автоматизацијата и управувањето со моќноста на уредите, како и во апликации каде што се бара едноставна и ефикасна контрола на вклучувањето / исклучувањето на уредите. Сервисерите не се доволно запознаени со работата на овие елекронски компоненти! Па, не е редок случајот еден најобичен тријак кој ја регулира брзината на вашата правосмукалка да биде предмет на “шетање” од еден мајстор кон друг: Електро-ничарот ќе ви каже дека тоа е “електричарска” работа, а електричарот дека тоа е работа на електроничар! Проблемот е во тоа што, во просек, ни едниот ни другиот не се во состојба да одредат дали некој тријак или тиристор е исправен или не! Впрочем, со стандарден АВО-метар, воопшто не е едноставно одредувањето на исправноста на овие компоненти! Затоа ви предлагам да го изработите овој крајно едноставен уред и, еднаш за секогаш и на едноставен начин, да ги отстраните дилемите околу исправноста на вашите тиристори и тријаци.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.