Емитер 11-12/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во ЕМИТЕР бр. 8-9/14 излеговме со написот "Повеќебојна светлечка ѕвезда" која континуирано емитува променливо шаренило од спектрални бои и на тој начин придонесува за развеселување на атмосферата при разни семејни свечености, што е особено актуелно во периодот на новогодишните празници. Како продолжение на тој тренд, во овој број ви предлагаме самоградба на друг, интересен светлечки објект, трепкачки тетраедар, кој на 3-те свои бочни страни периодично емитува треперливо шаренило од спектрални бои, придонесувајќи така за развеселување на атмосферата. Тој може да се употреби и како рекламен реквизит во некој излог за привлекување внимание на потрошувачите кон артиклите во излогот.
Тест на работата на сите сегменти пред конечното склопување
Светлечкиот објект којшто ви го предлагаме за самоградба во овој напис, има форма на тетраедар – геометриски облик којшто се карактеризира со 4 еднакви странични површини во облик на рамностран триаголник. Еден од неговите триаголници се употребува како основа на којашто тетраедарот лежи, а останатите 3 странични триаголници прават 3-страна пирамида, ишарана со разнобојни LED-диоди, кои перманентно трепкаат емитувајќи така шаренило од бои. Склопот е дизајниран така што секој од 3-те странични триаголници да содржи по 20 LED-диоди, и тоа по 4 зелени, 4 црвени, 4 жолти, 4 сини и 4 бели, распоредени во 4 реда – секој со по 5 сериски поврзани разнобојни диоди, по една од секоја боја, наредени според случаен редослед. Освен LED-диоди, секој од 3-те странични триаголници содржи и по едно ИК со четири логички порти од типот NAND, со нужните периферни компоненти. Поединечните 4 логички порти во склоп на четворното интегрирано коло, дизајнирани се така што секој од нив да управува со циклусот на светнување и на згаснување на LED. Диодите во еден од 4-те реда LED-диоди, предизвикувајќи така шарена треперечка светлина без синхронизација помеѓу редовите, туку наполно асинхроно, што создава интересен светлински ефект во 3Д.
ИК:CD4093; LED диоди: во разни бои
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.